Во очекување на можно обвинение против поранешниот американски претседател: Трамп и неговите советници подготвуваат неколку сценарија

2 mins read

Бидејќи уште во ноември минатата година ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, Трамп пркосно рече дека обвинението ќе му помогне политички, жалејќи се од друга страна дека тоа би било „нефер“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите советници се подготвуваат за неколку различни потенцијални сценарија во врска со можното обвинение од страна на големата порота на Менхетен која истражува шема за перење пари, пишува Си-ен-ен.

Бидејќи уште во ноември минатата година ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, Трамп пркосно рече дека обвинението ќе му помогне политички, жалејќи се од друга страна дека тоа би било „нефер“.

Тој си поигруваше со идејата да се обиде да создаде медиумски спектакл околу него и, на моменти, целосно ја игнорираше можноста за обвинение, велат извори на Си-ен-ен.

Иако постојат индиции дека истрагата за наводната улога на Трамп во шемата за плаќање на ѕвездата на филмовите за возрасни Сторми Даниелс е при крај и подготовките за обвинение се во тек, сè уште не е јасно дали поранешниот претседател ќе биде обвинет. Ниту кога ќе биде покренато евентуалното обвинение.

Во услови на неизвесност како ќе заврши долгогодишната истрага, неколку советници на поранешниот претседател изразија фрустрација поради недостигот на информации за потенцијалното обвинение и логистичките компликации што би произлегле од појавувањето во Њујорк, каде што Трамп би бил обвинет.

Истрагата за перење пари тешко дека е единствениот правен облак што виси над поранешниот претседател. Во посебна истрага, Министерството за правда убеди федерален судија дека Трамп користел еден од неговите адвокати за да поттикне кривично дело или измама поврзана со постоењето на доверливи документи во вилата на Трамп Мар-а-Лаго на Флорида, изјавија изворите на Си-ен-ен.

Политички импликации од можното обвинение во случајот во Њујорк

Трамп треба да отпатува во Вако, Тексас, во сабота на неговиот прв голем митинг од кампањата откако ја објави својата трета претседателска кандидатура, иако еден советник се сомневаше дали обвинението на големата порота во Њујорк може да ги попречи тие планови.

Додека некои републиканци и сојузници на Трамп тврдат дека обвинението може да биде политички корисно за Трамп, други не се сигурни дека може да се извлече некаква корист од ситуацијата.

„Се наоѓаме на непозната територија. Би сакале едноставно да не биде обвинет“,

изјави извор за Си-ен-ен вклучен во кампањата на Трамп.

Превентивни безбедносни мерки во Њујорк и Вашингтон

Официјални лица во Њујорк и Вашингтон преземаат безбедносни мерки на претпазливост во случај потенцијалното обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп да доведе до масовни протести.

Овој потег следи по објавите на Трамп на социјалните мрежи за време на викендот, во кои тој ги повика своите поддржувачи да излезат на улица како одговор на потенцијалното апсење, слично на повиците како одговор на неговиот изборен пораз во 2020 година. За потсетување, тие протести станаа насилни кога голем број неговите приврзаници упаднаа кон Капитол.

Извор близок до правниот тим на Трамп изјави за Си-ен-ен дека ако Трамп биде обвинет, не очекуваат апсењето или првото појавување да се случат пред следната недела.

Обвинението може да дојде во секое време, а службениците за спроведување на законот вклучени во дискусијата ја нагласија потребата адекватно да се подготват за сложената кореографија на предавањето и појавувањето на Трамп на суд.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

15-годишник од Скопје праќал пораки за дојави за бомби во училишта во Скопје

Следно

Воената потрошувачка на земјите од ЕУ со најсилни економии и натаму под целта на НАТО

Latest from Blog