Во новиот собраниски состав ќе има 41 пратеничка

May 9, 2024
1 min read

Според последните резултати на ДИК, во новиот парламентарен состав ќе има 41 пратеничка, но потребни се уште 7 од сите партии за да се достигне прагот на родова застапеност во Собранието. Тоа значи дека со Донтовата формула се создава простор за следната жена кандидат на листите, без разлика од која партија, но таа мора да биде во рамките на истата изборна единица.

Мандати на пратеници во новиот состав:

Од 58 мандати на ВМРО ДПМНЕ, 23 се пратенички

Од 19 мандати на коалицијата „Европски фронт“, 5 се жени

Од 18 мандати на коалицијата на СДСМ, 7 се жени

Од 13 мандати на коалицијата ВРЕДИ, 3 се жени

Од 6 мандати на движењето ЗНАМ, 2 се жени

Од 6 мандати на партијата Левица, 1 е жена.

Во 1-та ИЕ вкупно 6 пратеници се жени: 4 од ВМРО и 2 од СДСМ. Во 2-та ИЕ вкупно 5 пратеници се жени: 2 од ВМРО, 1 од Европскиот фронт, 1 од коалицијата ВРЕДИ и 1 од Движењето ЗНАМ. Во 3-та ИЕ вкупно 7 пратеници се жени: 6 од ВМРО и 1 од СДСМ. Во 4-та ИЕ исто така има 7 пратенички: 5 од ВМРО и 2 од СДСМ. Во 5-та ИЕ се 8 пратенички: 4 од ВМРО и по 1 од СДСМ, ЕФ, ВРЕДИ, ЗНАМ и Левица.

40 отсто од пратеничките места во Собранието се резервирани за пратенички, што значи дека 48 жени од 120 пратеници ќе бидат во новиот пратенички состав. Но, се уште е рано за конечната листа за застапеност на жените во законодавниот дом, бидејќи од партиите што ќе дојдат на власт носителите на листите најчесто добиваат министерски места и други државни функции.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОПЛАВА ОД ПАРИ И ЛУДА СРЕЌА ДО КРАЈОТ НА ПРОЛЕТТА – овие три знаци ги очекува чудо во кое не веруваат ниту во сон, тврди руски астролог

Следно

ЕУ ќе ја вооружува Украина со милијарди на Русија

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop