Во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинаа 66 палестински новинари

November 25, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 66 палестински новинари се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, пренесува Анадолу.

„Од загинатите новинари шест се жени“, се наведува во соопштението на Синдикатот на палестински новинари.

Се додава дека двајца новинари сé уште се водат како исчезнати, додека 31 се приведени од израелските сили.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу палестинската група на отпорот, Хамас, и Израел во Појасот Газа стапи на сила вчера.

Израел и Хамас разменија 24 Израелци и странци за 39 Палестинци од израелските затвори на првиот ден од хуманитарната пауза.

Според договорот, заложниците ќе бидат ослободени во групи во текот на четирите дена.

Израел започна масовна воена кампања против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас минатиот месец.

Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 14.854 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Лажна е пријавата за наводно исчезнато бебе на Клинички центар, жената е лишена од слобода

Следно

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи и викендов

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop