Во израелски напад во јужен Либан срамнета зграда, Хезболах возвраќа со ракетен оган

October 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во израелски воздушен напад рано утрово уништена е трикатна зграда на западниот влез на Каутариет Ел Сајад, град во јужниот либански регион Набатије, објави либанската државна новинска агенција, пренесува Анадолу.

Воздушниот напад предизвика значителна штета, блокирајќи го патот меѓу Каутариет Ел Сајад и блискиот град Гасаније. Властите сè уште не објавија информации за жртви, а не е проценет и целосниот обем на разорување.

Во сличен напад, Хезболах ја презеде одговорноста за одмазднички напад врз северен Израел. Во соопштението, групата истакна дека нејзините борци извршиле ракетен напад врз израелската База 7200, во близина на градот Хаифа денес, околу 06:00 часот по локално време. Од израелската армија сè уште нема одговор на соопштението на Хезболах.

Израел од 23 септември спроведува масовни воздушни напади низ Либан против, како што тврди, локации на Хезболах, во коишто загинаа најмалку 1.351 лица, повредени се над 3.800, а раселени се повеќе од 1,2 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа, во која Израел уби над 42.100 луѓе, повеќето жени и деца, од нападот на Хамас минатата година.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, тој го прошири конфликтот со започнувањето копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, неспособноста завршува со нив!

Следно

САД воведоа нови санкции кон Иран поради ракетниот напад врз Израел

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop