Внукот на Кенеди ќе го предизвика Бајден: Влегува во трката за претседател на САД

April 6, 2023
1 min read

Познат е како адвокат за заштита на животната средина, но и како антиваксер. Неговиот чичко беше претседател од 1961 до 1963 година, кога настрада во атентат. Татко му, пак, беше министер за правда во администрацијата на Џон Кенеди, а се обиде и тој да стане претседател, но беше убиен во текот на кампањата

Роберт Кенеди Помладиот / Фото: EPA/ANTHONY BEHAR

Роберт Кенеди Помладиот, внук на поранешниот претседател на САД, Џон Кенеди, влегува во трката за претседател на САД во 2024 година.

Тој ја поднесе документацијата за да биде кандидат на демократите, партија од која доаѓа актуелниот претседател Џо Бајден.

69-годишникот е син на братот на Џон Кенеди, Роберт Кенеди. Во јавноста е познат како адвокат за заштита на животната средина, но и како отворен борец против вакцините. Поради постојано споделување наводни „откритија“ за вакцините, во 2021 година беше избришан и неговиот профил од социјалната мрежа Инстаграм.

Тој ќе треба да ја добие довербата прво во рамки на Демократската партијата. Пред да го изберат својот кандидат, и демократите и републиканците спроведуваат внатрепартиски натпревар т. н. прелиминарни избори. Своја кандидатура за реизбор претходно најави и Бајден, а Кенеди во оваа трка, како што пишуваат медиумите, влегува како аутсајдер.

Роберт Кенеди Помладиот е син на братот на Џон Кенеди, Роберт Кенеди. Таткото беше дел од администрацијата на Џон Кенеди, му беше еден од најблиските советници и министер за правда во неговата владата.

И по смртта на брат му, Роберт Кенеди остана министер, а во 1964 година беше избран за сенатор од државата Њујорк. Му припаѓаше на либералното крило во Демократската партија, а се обиде да стане и претседател на САД, но во текот на кампањата загина во атентат кој го изврши јорданскиот затвореник Сирхан Сирхан.

Џон Кенеди, пак, како што е познато, беше претседател на САД од 1961 до 1963 година, кога на 22 ноември загина во атентат во Тексас. Тој беше најмладиот претседател во историјата на САД и прв римокатолик на функцијата.

Сега, внукот на поранешниот претседател, односно синот на поранешниот сенатор, Роберт Кенеди Помладиот, се очекува официјално да ја започне својата кампања на почетокот на летото.

Пред поднесувањето на документацијата за изборната трка, тој во март на Твитер објави дека размислува да влезе во трката за претседател.

„Ако се кандидирам, мојот главен приоритет ќе биде да се стави крај на коруптивното спојување меѓу државната и корпоративната моќ што ја уништува нашата економија, ја уништи средната класа, ги загади нашата природа и водите, ги отру нашите деца и ги ограби“,

рече Кенеди Помладиот.

Тој е вториот демократ што го предизвикува Бајден во внатрепартиската трка. На почетокот на март официјално својата кандидатура ја најави и авторката Маријана Вилијамсон, која ваков обид имаше и во 2020 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сомалија ќе печати пари првпат после 32 години

Следно

Работниците-штрајкувачи од париската канализација натрупаа мртви стаорци пред градската општина

Latest from Blog

Олисе покажа дека е генијалец за победа на Франција, и Холандија победи со гол од пенал во 90+8.минута!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Вечерва се одиграа две пријателски средби на кои настапија и тоа како силни селекции, кои важат за фаворити на претстојното СП 2026. Франција во Лил, на последната контрола пред патувањето на

Меркел се враќа на голема врата?

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да ја спаси Украина“, изјави Ван Акен за новинарите во Берлин, додавајќи дека, според тоа, ЕУ мора да направи многу повеќе за преговорите и дипломатијата. Тој

За Петровска техничката влада е неопходна до влез во ЕУ

Во вешерашното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ ги спротивставија своите ставови околу функционалноста на институциите, потребата од техничка влада

Откако повторно колабираше: Ериксен ќе престане да игра фудбал!

ФОТО:.facebook.com/herrelandsholdet/ Вториот колапс на Кристијан Ериксен во Оденсе синоќа најверојатно ќе биде причина за крајот на импресивната кариера на 34-годишниот играч од средниот ред, тврди авторитетното данско издание „Болд“. Како што е

Путин доби ултиматум од Европа

„Ново, верувам, е што овој процес сега добива нов импулс во Европа“, изјави денес Стефан Корнелиус, портпарол на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој рече дека ново е што европските земји го преземаат
Go toTop