ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

February 9, 2026
1 min read

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Што е деновиве актуелно од расипништвото на СДС на кое сведочеа деновиве граѓаните?

Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, буџетот се трошел за кафиња, лешници, за договори на роднини и пријатели на обвинителите од СЈО, како и на лица од СДС.

 

Овие информации во јавноста ги пренесе, Лејла Кадриу поранешна обвинителка од згаснатото СЈО, актуелен адвокат која пак пред СЈО работела во јавното обвинителство во Тетово.

Деталите говорат за тоа дека СЈО непотребно трошело милиони евра на граѓаните. За само два месеци во 2015 година биле потрошени милион евра, а за што очигледно треба да се отвори истрага.

Оттука главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева која по згаснувањето на СЈО заврши со пресуда 7 години затвор за земање мито, а минатата година доби условен отпуст со обврска да се јавува во Кривичниот суд Скопје до завршување на казната, за себе велела дека е девојка од милион долари.

Главни во СЈО, според сведоштвото на Кадриу, биле Ленче Ристоска, претендент за државен јавен обвинител, и Гаврил Бубевски кој сакаше уште еден мандат во скопското јавно обвинителство.

Ристоска и Бубевски во СЈО биле познати како лица кои не го почитуваат законот. Двајцата се радувале на присуството на Заев и Шекеринска во СЈО и примале од нив предмети не правејќи никаков записник. Во превод во овие предмети можел секој да земе документ и да додаде нов во секое време.

Или кратко кажано, Ристоска и Бубевски само глумат професионалци.

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС.

Не само диктати во СЈО, имало обиди и за контрола врз судството кој да биде обвинет, колку лица да бидат во обвинение и кои. А според сведоштвото на Кадриу, на Владимир Панчевски тогашниот претседател на Кривичниот суд во Скопје му креирале лажен предмет.

Сега на чело на СДС е другарот на Заев, Венко Филипче кој самиот вели дека е во контакт со учителот.

Дали ова СДС со Филипче ја има истата стратегија непочитување на закон и Устав, влијание врз правосудство, кражба на пари на граѓаните како што командуваше Заев?

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквата пракса“, се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop