ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ!

November 13, 2024
1 min read

Секојдневно, една по една се рушат лагите на ДУИ! Оваа партија 22 години владеше замајувајќи ја јавноста  со лаги и дезинформации, а истото го прават и од улога на опозиција, велат од коалицијата ВРЕДИ.

„Последен е обидот да се збунат граѓаните на Сарај со тврдењето дека бројот на албански советници во Општина Сарај ќе се намали врз основа на пописот од 2021 година – закон за кој тие самите гласаа. ВЛЕН го демантира в.д. градоначалникот на Сарај, Илас Весели, и неговиот диригент Блерим „Ќосето“ Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во Општина Сарај, според кои општината во моментов има 23 советници, а со следните измени ќе има 19 советници. Ова е невистина и целосна лага.

Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на Владата повторно ќе има 19 советници.

Имињата на актуелните советници во Општина Сарај се објавени на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите. Има 19 советници со име и презиме, и затоа не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весели, кои според него се 23.

Затоа, ВЛЕН бара Блерим Ќосето Беџети, заедно со неговиот наследник, да сведочат и да ги откријат имињата на 23-те наводни советници.

Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да бидат вклучени во списокот на општински советници.

Потсетуваме, пописот на населението се спроведе во време кога ДУИ беше на власт, па затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува, тие избраа да молчат. Ова незнаење досега е невидено, всушност, го открива незнаењето на оние кои се плашат од вистината за сопствената безвредност.

Ја потсетуваме јавноста дека другата лага што се разоткри е тврдењето на ДУИ дека Коридорот 8 нема да се гради. И овој коридор ќе биде направен, а е приоритет над приоритетите на коалицијата ВЛЕН и нашата Влада.

Апелираме до ДУИ да најде покреативни форми за водење политика, а не со лаги и клевети.

Лагата има рок на траење се додека може да се одбрани од лажговците, додека имаат власт., а лагите и манипулациите завршија со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт и ќе ги разоткриеме сите лаги што ДУИ сака да ги пренесе во јавноста.

На ВЛЕН му треба конструктивна опозиција, а не опозиција која само се обидува да создаде магла и конфузија. ВЛЕН е гаранцијата на Албанците!“ – велат од ВРЕДИ во соопштението.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двајца од повредените во Нови Сад се свесни, но се во тешка состојба

Следно

ВРЕДИ: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ!

Latest from Blog

Бошков: Одредени работодавачи не може да излезат од матрицата дека се главни, а најглавниот капитал се задоволни работници

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфередацијата во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека работодавачите мора да сфатат дека најголемиот капитал се работниците, и дека тие треба да бидат задоволни. „Одредени работодавачи не

Со „Лице в лице“ честитките го помагате зајакнувањето на ранливите сораѓани и заедници

Со повикот „во Новата 2025 година бидете дел од заедницата што множи добрина и дели радост. Изберете празнични честитки, со срце и свест!“, платформата за одржлив развој „Лице в лице“ продолжува да

Јаневска: Нема повеќе да дискутираме за ученикот

Ве молам дајте ни неколку денови, работиме тимски министерството за образование, за здравство и за социјала за да најдеме најсоодветно решение. Предвидуваме подлабоки и посериозни постапки кои ќе бидат во корист на

Магла до 50 метри на Буково и Пресека

Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него. Според „Економист”, Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист” токму
Go toTop