Владата меѓу договор и генерален штрајк

February 7, 2026
1 min read

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои вработените во правосудството и управата во април и следните две години ќе добијат осум проценти покачена плата или вкупно 24 отсто како и сумата од законското зголемување на минималецот во тој период.

Примерокот потоа треба да се достави до министерства, синдикати, претседатели на судови, јавни обвинители и други. Во договорот треба да биде наведено и колку работници ќе бидат опфатени, но од УПОЗ се бара во документот да стои и дека се брише еден член од Општиот колективен договор – пресметувањето на коефициентот на сложеност за вработените во јавниот сектор.

Доколку се биде како што треба идната недела треба да се стави потпис на договореното.

Но, од друга страна борбата на синдикатите за повисок минималец продолжува. Следната недела ССМ прво ќе го блокира Собранието, потоа бизнис секторот и на крајот Владата.

Ако и по ова не се промени нешто, следи генерален штрајк, а не се исклучува можноста и од уште еден поголем протест на синдикатите.

ССМ бара минималната плата да порасне на 600 евра, а сите останати да се зголемат за најмалку 100 евра. Нивните барања ги темелат на тоа дека изминатиов период трошоците сериозно пораснаа, а примањата на граѓаните не можат да следат овој тренд. Само за пример за две години синдикалната минимална кошничка е порасната за над 9000 денари, а минималната плата за нешто над 4.000 денари.

Според, анализите во регионов, само Косово има пониска минималната плата од онаа која се исплаќа во земјава.

Во меѓувреме ССМ поднесе и предлог до пратениците за кратење на функционерските плати, преку намалување на коефициентите и вметнување на минималецот како основ за пресметување на нивните примања.

Инаку, годинава ако нема корекција на коефициентите, функционерските плати ќе скокна за 200 до 250 евра. На прашање на Телма дали како претходните две години и овој пат ќе се направи тоа за да нема нов скок, од Владата одговорија дека годинава усогласувањето на нивните примања ќе биде согласно редовните законски регулативи.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Следно

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop