Владата ја забрзува дигиталната трансформација во енергетскиот сектор

October 29, 2025
1 min read

Дигиталната трансформација е главниот спојник меѓу растечката електрификација и целите за декарбонизација. Со паметни мрежи, управување засновано на податоци и киберотпорни платформи, енергетските системи стануваат поефикасни, пофлексибилни и поинклузивни, со помали загуби и подобра интеграција на обновливите извори. Ова беше основната порака од отворањето на панел-сесијата „Digital transformation of energy systems: accelerating action through coordination and innovation“, која се одржува во рамките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD-14.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој со своето воведно обраќање го означи почетокот на сесијата, ја нагласи потребата од посилна координација меѓу енергетскиот и секторот на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

„Дигитализацијата може да ја забрза нашата заедничка мисија за одржлива енергетска иднина. Таа е новата енергија на управувањето: создава ефикасност, транспарентност и отпорност, а во енергетиката овозможува секој ват, секој киловат-час и секоја политичка одлука да бидат попаметни, почисти и поинклузивни“, рече министерот Стефан Андоновски.

Андоновски ги посочи и приоритетите на Владата во дигиталната трансформација како хоризонтална реформа, со акцент на енергетиката и блиската соработка со Министерството за енергија, рударство и минерални ресурси, каде се воспоставени целосно дигитализиран систем за управување со документи, интегрирано финансиско планирање и достапна веб-страница, како и дигитализација на повеќе од 20 услуги за граѓани и бизниси.

Во воведниот дел на сесијата учествуваа и Радиа Седаоуи (ESCWA), Денис Мулхоланд (UNECE), Мајкл Вилијамсон (ESCAP) и Армен Григорјан (UNDP), кои ја поставија рамката на дискусијата: усогласени политики, управување со децентрализирано производство, пренос и складирање, интероперабилност со постојната инфраструктура и зајакнување на киберотпорноста.

Според целите и очекуваните исходи на организаторите, денешната програма има за цел да ги оцени бариерите и можностите за дигитализација, да идентификува пилот-иницијативи и партнерства и да ја засили координацијата и видливоста на засегнатите страни во согласност со приоритетите на UN-Energy за дигитализација. Сесијата е во коорганизација на Владата на Македонија, UNECE, ESCWA, ESCAP и UNDP. Додека организатор на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во партнерство со УНДП и петте регионални комисии на Обединетите нации – UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пире од спанаќ

Следно

Трагедија во Турција: Се урна зграда во Истанбул, има заробено луѓе под урнатините

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop