Вистината за Македонците во Албанија паника кај бугарите

February 17, 2026
4 mins read

Ф0то: Илинден во Требиште областа Голо Брдо

Бугарската пропаганда во Албанија за асимилирање на Македонците и измислување на т.н. Бугари во областите каде живеат Македонци во Албанија може да успее само доколку сите Македонци се продадат за грст златници подарени од бугарските изроди.

Македонците живеат и ќе живеат во областите каде со векови живееле во Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник. Но, да почнеме по ред за да видиме како е дојдено до оваа состојба денес, каде бугарската држава неуморно работи за создавање на бугарско малцинство во Албанија.

На 3 март 1878 година, после руско-турската војна во која победила Русија, за потребите од поголема интересна сфера на Русија, од страна на руските владетели била измислена т.н. Сан Стефанска Бугарија во која влеувале македонски и албански територии. Тоа значело дека Русија, како ментор и господар на бугарската држава, имала можност да ја прошири својата власт многу подалеку од дотогашната. Ваквата намера на Русија била осуетена од големите европски држави, кои  веднаш го свикале Берлинскиот конгрес (13 јуни-13 јули 1878 год.) за ревизија на Сан Стефанскиот договор. После решенијата на Берлинскиот договор интересната сфера на влијание на Русија била сведена на Бугарија, а македонските и албанските територии биле изземени. Со тоа, рускиот проект, кој никогаш не заживеал, бил ставен вон меѓународна верификација.

И покрај тоа, властите во Бугарија до денес го сонуваат санстефанскиот сон и вложуваат огромни средства за реализирање на рускиот проект од 19 век.

Историски гледано, бугарската политика се обидела да ја воспостави својата власт врз македонските и албанските територии и во периодот на Првата и Втората светска војна, но секогаш се наоѓала на страната на губитниците на двете војни, па обновувањето на рускиот проект за Сан Стефанска Бугарија не успеало.

Но, бугарските политички елити не престанаа да живеат во сонот од 19 век дури и во 21 век. Намерата да се реализира рускиот проект беше воскреснат во 2007 година. Имено, тогаш Бугарија, требаше да се откаже од руските ментори за што беше наградена со влез во Европската Унија, а европските ментори сесрдно почнаа да помагаат во реализацијата на рускиот проект на Балканот.

Еден од начините за таа цел беше и идејата на бугарските политичари да ги асимилираат Македонците во Албанија и на европските ментори да им ги прикажат како Бугари. За таквата пракса не жалат ниту средства, ниту емисари. Почнаа со „благонадежни“ и лесно податливи Македонци на кои им беа ветувани стипендии за децата за школување во Бугарија, со делење на бугарски пасоши за Македонците кои сакаа да избегаат од сиромаштијата во Албанија, со интензивно финансирање на т.н. фондации кои штедро се расфрлаа со „подароци“ за измислените Бугари во областите каде живеат Македонци. Ваквите акции имаат само една цел, да се „докаже“ дека во деловите од Албанија населени со Македонци живеат Бугари, а доколку се успее во таа мисија на менторите во Европската Унија да им објаснат дека доколу од исток на Македонија живеа Бугари, од запад на Македонија живеат Бугари, задолжително би било оние во Македонија да бидат Бугари.

За жал на Македонците, кон приказната за „измелезените“ Бугари во Албанија се приклучи и албанската Влада. Под директна закана од Бугарија дека ќе го кочи патот на Албанија кон Европската Унија, во 2017 година во Законот за малцинства албанската Влада, кон останатите малцинства го додаде и непостоечкото бугарско малцинство без ниту еден Бугарин регистриран на ниту еден Попис во Албанија. Се разбира, ваквите уцени на Бугарија не беа спомнати од Европјаните, а понижувачкиот чин на албанската Влада покажа дека Македонците се само карта за поткусурување. На тој начин, Македонците во Албанија станаа колатерална штета и влезен билет на Албанија во „демократското“ европско семејство и чекор напред за реализирање на рускиот проект од 19. век.

Откако се создаде поволна почва за асимилирање и понижување на Македонците во Албанија, следен чекор беше континуираното труење на бугарската јавност со „душманите“ на Бугарите во Албанија кои не сакаат да се побугарчат. Воедно, пракса стана да се создадат што поголем круг на фондации и медиуми кои ќе бидат „гласноговорници“ за заштита на измелезените Бугари меѓу нас.

Имајќи предвид дека Македонците во Албанија после енверовиот период јасно и гласно си го штитеа своето етничко потекло, почнаа да се организираат во свои здруженија, а после долга работа за здруженијата беше оформена и првата македонска политичка партија Македонска алијанса за европска интеграција. Воедно, во Албанија почнаа да се печатат бројни книги од Македонци со нивни спомени и истражувања за животот на Македонците во Албанија. Во почетокот на 2027 година го отворивме и порталот minoritete.al во кој треба да се објавуваат најважните активности на малцинствата во Република Албанија.

Фактот што во Албанија никогаш немало Бугари беше пресуден што од 1990 до 2027 година нема формирано ниту едно автохтоно бугарско здружение и нема објавено ниту една книга од Бугарин за животот и осотојбите на Бугарите во Албанија.

И токму тој факт е основната причина зошто бугарските медиуми се целосно насочени кон понижување и негирање на активноста на Македонците во Албанија.

Таков е и случајот со текстот во извесен портал https://www.actualno.com/balkani/panika-sred-makedonistite-zaradi-bylgarite-v-albanija-syzdadoha-nov-provodnik-na-propaganda-news_2556106.html чиј наслов точно говори за нивната задача. Имено во текстот „Паника меѓу Македонистите поради Бугарите во Албанија: Тие создадоа нов канал за пропаганда“ се вели: „Македонската организација во Албанија Илинден”-Тирана, која е аналогна на непризнаената во Бугарија ОМО „Илинден“ и која се смета за маргинална организација во самата албанска земја – оваа недела создаде нова веб-страница за малцинствата. Веб-страницата се вика minorite.al, што на албански значи „малцинства“. Веб-страницата беше рекламирана на почетокот на неделата од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.“

Иако, претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и самиот изјави дека „Со особено задоволство ви ја претставувам мојата лична иницијатива minoritete.al, првиот национален онлајн медиум во Република Албанија, посветен исклучиво на националните малцинства“, тоа бугарскиот портал го превидува дека порталот е наменет за активностите на малцинствата во Албанија. Фактот што во Албанија нема бугарско малцинство и нема никакви активности тоа вештачки создадено малцинство, веројатно е стравот што порталот ќе нема што да објавува за „новоиспилените“ Бугари.

Воедно, ваквите портали не го кријат својот анимозитет и кон претседателот на македонската партија МАЕИ, м-р Васил Стерјовски, па ја користат секоја прилика наместо да известуваат, да даваат свои квалификации за него. За таа цел, секако, ги користат новосоздадените Бугари во Албанија. Таков е случајот и со Ервис Талури, роден и израснат во Албанија, од татко Албанец и мајка Македонка, по целосно школување, финансирано и организирано од бугарската држава – од средно образование до докторски студии – денес се враќа во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со задача да ги негира Македонците, да ја напаѓа македонската партија и да ја релативизира вистината.

И додека европските ментори молчат за силеџиите од Бугарија во Албанија, нека продолжат да го помагаат реализирањето на рускиот проект Сан Стефанска Бугарија. Ние немаме ништо со тоа, само посочуваме дека со отворените закани кон нас нема да нѐ замолчат и со нивните златници нема да нѐ купат. Македонците опстоеле и ќе опстојат!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција

Следно

Димитриеска – Кочоска најавува поддршка за инвестиции со висока додадена вредност

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска најавува поддршка за инвестиции со висока додадена вредност

Министерката за финансии, Годана Димитриеска – Кочоска, истакна дека државната помош мора да биде внимателно дизајнирана и насочена кон создавање реална економска вредност, наместо да претставува товар за јавните финансии. „Државната помош

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција

Совет за регионална соработка (РСС) го одбележа 18-годишнината од своето основање со прием во Сараево, нагласувајќи го преминот од градење соработка кон спроведување стратешки регионални активности во сè понеизвесна меѓународна средина. На

Коњановски: Над 18 милиони денари за подобри услови во зоолошката градина во Битола

Битолската Зоолошка градина денеска организираше презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини. Експрети, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на Трамп за прикривање на досиејата на Епстин

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави за прикривање во врска со постапувањето кон документи што се однесуваат на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Go toTop