Вини, Вини па Мбапе: Реал Мадрид победнички на “Бернабеу“!

October 4, 2025
1 min read
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Очекувано, но не баш така лесно. Победа за Реал Мадрид против Виљареал во меч од 8.коло во Ла Лига вечерва на “Сантијаго Бернабеу“ и тоа со 3:1. Сепак рековме не беше лесно за четата на стратегот Чаби Алонсо. Имено гостите се покажаа како жилав противник.

Откако првото полувреме заврши без голови, почна нервозата лак фановите на “кралевите“.

Ама Винисиус во втората минута од второто поклувреме стрела за 1:0. Секако дека сега беше полесно домашниот состав. Во 69.минута Вини со гол од пенал зголеми на 2:0.

Гостите преку Микауидатзе четири минути подоцна намали на 2:1, ама сите дилеми го разреши Мбапе во таа 81.минута за конечни 3:1.

Ова беше неговиот деветти гол во Ла Лига сезонава и девети меч во низа за него на кој постигнува гол.

Со овие три бода Реал Мадрид се врати на врвот на табелата пред Барса со +2 бода, но каталонците имаат и меч за играње и тоа утре кај Севиља.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАЕИ го честита изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија

Следно

Барак и Мишел Обама ја прославија годишнината од бракот

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната
Go toTop