(ВИДЕО) Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на списокот на патници на авион што се урнал во Русија

August 23, 2023
1 min read

Покрената е истрага за авионската несреќа што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу нив е името и презимето на Евгениј Пригожин, информираат од руската управа за цивилна авијација

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“, е наведен како патник во авионот кој се урнал северно од Москва, а во кој нема преживеани, пренесува Ројтерс повикувајќи се на објава на новинската агенција ТАСС.

„Покрената е истрага за авионската несреќа што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу нив е името и презимето на Евгениј Пригожин“,

информираат од руската управа за цивилна авијација.

Претходно ТАСС објави дека десет лица загинале откако приватен авион се урнал во руската област Твер, северно од Москва. Авионот, на пат од Москва до Санкт Петербург, превезувал седум патници и тројца членови на екипажот.

На социјалните мрежи веќе се шират видеа од уривањето на авионот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“

Следно

Спасовски по повод Денот на ЕБР: Секогаш и секаде припадниците на ЕБР демонстрираа силна професионална посветеност во зачувувањето на мирот и безбедноста на  татковината

Latest from Blog

Општина Битола ја зајакнува комуналната дејност со нова механизација

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се

Д-р Баткоски“ прв во Македонија воведува плазма активација на импланти за побрзо заздравување

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид први во Македонија ја воведуваат иновативната технологија за таканаречена плазма активација на површината на имплантите. Станува збор за напредна постапка што му помага на организмот полесно

Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите
Go toTop