(ВИДЕО) Пригожин тврди дека го зазеле Бахмут, украинската војска вели дека се водат жестоки борби

May 20, 2023
1 min read

Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека таа на 25 мај ќе ѝ ја предаде контролата врз украинскиот град Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции.

„До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе ѝ го предадаме на војската да се грижи за него“, рече Пригожин во видеото што неговата прес-служба го објави на каналот Телеграм.

„Ние ќе се вратиме во базите“, додаде тој.

Претходно денеска Пригожин изјави дека неговите сили целосно ја презеле контролата над градот. Потоа, украинската армија го демантираше „Вагнер“ дека целосно го зазела градот. Портпаролот на украинската војска Серхи Шереваџи за Ројтерс изјави дека тоа не е вистина и дека „украинските трупи сѐ уште се борат во Бахмут“. Заменик-министерот за одбрана рече дека се водат жестоки борби и дека ситуацијата е критична.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Концерт на „Фолтин“ во Тирана

Следно

Македонија ЃП го одбрани трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop