(ВИДЕО) Нов инцидент на Косово: Од возило во движење пукано во две момчиња во Готовуша додека носеле бадниково дрво

January 6, 2023
1 min read

Иако неколку очевидци го виделе регистарскиот број на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Според соопштението, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив, јавува Косово онлајн.

„Тие се здобиле со прострелни рани. Eдното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, имале среќа што не биле животно загрозени. Во овој момент се транспортирани во Клиничката болница во Грачаница, каде што ќе ја добијат најдобрата можна грижа. Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца само затоа што носеле бадниково дрво и со тоа јасно покажале дека се Срби“,

се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Иако неколку очевидци го виделе регистарскиот број на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото.

„Ваквиот напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ. Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош“,

се наведува во соопштението.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср

Следно

СО ДЕНОВИ СЕ ТРАГАШЕ ПО НЕА – денес на Бадник тажна вест, Зојка е пронајдена мртва покрај овој манастир

Latest from Blog

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата

Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот

Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар, откако вчера паднале од зграда во Општина Кисела Вода. Како што соопштија од МВР, вчера во 19:40 часот во СВР

По прозивките и притисокот на јавноста: Надзор во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходно,
Go toTop