Верстапен: Не е важно дали се согласувам со казните или не, главниот наш проблем е слабата брзина

October 28, 2024
1 min read

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен даде свое видување за двојна казна што ја доби синоќа на трката за Големата награда на Мексико.

Холанѓанецот доби две казни од по 10 секунди затоа што го турна возачот на Мекларен Ландо Норис од патеката при претекнување, како и за излетувањето од патеката за да добие предност.

Верстапен трката ја заврши на шестото место.

– Проблемот е што кога сте побавни, завршувате во вакви ситуации. Нема да се откажам така лесно. На крајот на денот, не се работи за тоа дали се согласувам со казните или не – иако 20 секунди се многу – главното прашање и она што најмногу ме загрижува е нашето темпо на трката. Брзината беше слаба. Треба да ја анализираме причината. И без казните немаше да имаме шанса во борбата за највисоките места. Не сум загрижен за борбата за титулата. Имавме лоша трка, но знам дека можеме подобро, па ќе се обидеме да го направиме тоа, изјави Верстапен за „Sky Sports“.

Верстапен продолжува да води во поредокот за возачи во Формула 1 со 362 бода на четири трки до крајот на сезоната 2024 година. Најблискиот конкурент за трофејот му е Ландо Норис од Мекларен, кој го освои второто место на трката во Мексико, ја намали разликата од возачот на 47 поени.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 21 лице се повредени во руски воздушен напад врз украинската област Харков

Следно

Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop