Вера Коцо: Судската тога не е моден детаљ, судиите да се саморегулираат

June 9, 2024
2 mins read

Во Судскиот совет деновиве е актуелен изборот на нови членови, една од кандидатките се повлече, а се работи за судија од Врховниот суд од каде и вие доаѓате. Дали е време сега да се екипира ова тело особено поради тоа што се случува во период кога се уште не е формирана новата Влада?

На оваа тема слушнавме повеќе мислења од експертите, а слушнав дека изборниот процес не е завршен па поради тоа не е време да се избира сега член на Судски совет.

Но, јас би го оставила ова на страна, има Комисија за спречување корупција и судир на интереси и ако смета дека не е во ред ќе покрене постапка.

Мене ми е многу побитно тоа што пријавениот судија од Врховниот суд за член на судскиот совет покажа несериозен однос. Имено кога веќе се пријавила за член на Судскиот совет мораше да внимава на тоа дека ако има здравствени проблеми тие треба со време да ги истакне, а не во последен момент кога дојде да се врши изборот таа се повлече.

За мене тоа е апсолутно несериозно и може да се толкува дека се случува од разни причини за кои не сакам да зборувам. Не сакам да верувам дека има некакво влијание врз неа. Сепак ќе се покаже што се случувало и зошто?

Реакциите беа дека доколку судијата има здравствени проблеми не би можел да ја извршува и судиската функција, не само како член на советот. Вие се сомневате дека е можно да постојат и други причини?

Па во однос на здравствените причини, колегите би знаеле дека нешто се случува а уште повеќе Претседателката на Врховниот суд на седницата искажа мислење дека не знае дека таа судија има здравствени проблеми.

Се ова остава впечаток дека сепак се работи за некакво повлекување без сериозни причини. Ако мислите за некакво влијание врз неа јас постојано зборувам каде е професионалната храброст на судиите.

Не смее да се подлегне на било какви притисоци, облекувањето на судската тога не е моден детаљ туку тоа е преземање на голема одговорност и сериозност во работењето. Посветеност во работата, висок професионализам високо знаење, висок степен на интегритет и кредибилитет.

Новата власт најави целосно распуштање на овој состав на судскиот совет и реформа. Што мислите дали ова е решение за овој состав на судскиот совет?

Во изминатиот период ако направиме пресек на случувањата во Судскиот совет се навистина преголеми почнувајќи уште од кога се вршеше упаѓање во изборот на судиите од извршната власт, па по тоа пробивање на системот за распределба на предметите.

Понатаму назначувања кои оставија големи траги во кредибилитетот, но сега би рекла дека во тој совет во кој треба да членуваат високи професионалци со голем степен на кредибилитет и дигнитет, прашањето е: Дали тие можат да се однесуваат така?

Во законот за Судски совет е предвидена можност да се поведе дисциплинска постапка за одговорност на член на Судски совет, но дали тоа се случи во изминатиот период? Јас не сум видела да е повикан на дисциплинска одговорност некој член на судскиот совет.

Што ако се распушти Судскиот совет?

Во однос на распуштањето за мене тоа е политичка мерка. Јас не подржувам едно такво распуштање на Судскиот совет бидејќи тоа може да предизвика други негативни појави. Имено дали ќе бидете толку сигурни дека новите членови во судскиот совет нема истото да го направат.

Толку пати се смени составот на тој Судски совет меѓутоа членовите постојано се однесуваат како што не требаше да се однесуваат. Си дозволија менување на претседателката во една незаконита постапка. Иако го осудија ова меѓутоа не го повикаа тој што го направи тоа да одговара. А можеше тоа да се случи.

Зошто е толку битен Судскиот совет во целиот систем?

Во целиот систем советот игра голема улога. За тоа што е судски независен орган кој се грижи за независноста на судиите. Во изминатиот период таа своја функција не ја исполни до крај.

Дали е ова проблем само на овој состав?

Не за тоа ви реков ако се направи пресек да тргнеме од 2012 година. Зар не беа присутни изборите на судии од тефтерчиња? Што значеше тоа? Мешање на извршната власт. Понатаму следеа многу бавни постапки за луѓето кои се огрешија во својата професија.

Го пробија АКМИСОТ а постапувањто против тие судии беше многу бавно. Тогашните претседатели и членови на Судскиот совет не се осмелуваа да покренат брзи постапки кои ќе ги разрешат состојбите. Напротив се беше бавно, бавно… и тоа предизвика голема недоверба на граѓаните.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бикот да се опушти, Девицата ќе оствари интересен контакт

Следно

Бугарите гласаат на парламентарни и европски избори

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop