Велика Британија го критикуваше ревидирањето на нуклеарната доктрина од страна на Путин

November 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Велика Британија ја критикуваше неодамнешната одлука на рускиот претседател Владимир Путин за намалување на прагот за употреба на нуклеарно оружје, означувајќи ја како чин на „неодговорност“ од „изопачената руска Влада“, пренесува Анадолу.

Портпаролот на британскиот премиер и лидер на лабуристите Кир Стармер го осуди потегот, нарекувајќи го уште еден пример за „неодговорното“ однесување на Русија за време на нејзината војна во Украина, објави „Скај њуз“.

„Би било фер да се каже дека ова е последниот пример на неодговорност што го видовме од изопачената руска Влада и остануваме цврсти во нашата поддршка за Украина“, изјави портпаролот на британскиот премиер.

Владата на Велика Британија ги даде овие коментари откако тензиите ескалираа по извештаите дека Москва ја ревидирала својата нуклеарна доктрина, намалувајќи ги бариерите за користење нуклеарно оружје во конфликтот.

Кремљ ја објасни промената како неопходна за националната безбедност на Русија, што предизвика критики од западните лидери.

Лондон ја потврди својата поддршка за Украина, повторувајќи ја својата посветеност да го поддржи Киев.

Меѓународната заедница изрази загриженост за можните последици од таквите промени врз руската нуклеарна политика, а членките на НАТО предупредуваат на глобалните ризици од каква било ескалација со нуклеарно оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ласовска: Пратениците од СДС забораваат дека додека беа на власт намерно во буџетот не предвидуваа средства за плати за Македонски шуми, Пошти и Водостопанство

Следно

Туркије: Шумски був забележан во есенскиот пејзаж на Улудаг

Latest from Blog

РУСКИ ГЕНЕРАЛ УАПСЕН ЗА МИЛИОНСКИ ПОТКУП – обвинет за корупција во воениот врв

Руските власти го уапсија генерал-полковникот Јуриј Грехов, заменик-главен командант на руските Воздухопловно-вселенски сили, под обвинение за примање поткуп во особено големи размери, објави руската агенција РБК, повикувајќи се на два извора во

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Во Албанија се отвора ново поглавје во развојот на телекомуникациите. One Albania доби одобрение од Агенцијата за електронски и поштенски комуникации (AKEP) да ја тестира технологијата Direct-to-Device (D2D) во соработка со SpaceX.

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско
Go toTop