Вечерва започнува Винскиот фестивал во Битола: Вино, музика и забава под отворено небо

May 7, 2026
1 min read

Вечерва започнува Винскиот фестивал во Битола, кој од 7 до 9 мај ќе го претвори платото пред Офицерски дом во центар на доброто вино, музиката и забавата. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, дегустација на вина и одлична фестивалска атмосфера.

Програмата започнува во 18:00 часот со настап на resident DJ, кој ќе ја загрее атмосферата до 19:30 часот. Од 19:30 часот ќе настапи групата B52, додека од 21:00 часот следува „Пауза за ракија“, дел посветен на традиционалните вкусови и дружењето. Забавата продолжува со DJ Carlito, кој ќе настапува од 23:00 до 00:30 часот.

Оваа година учество на фестивалот земаат винариите Тиквеш, Попов, Монтеко, Сопот, Лазар, Бовин, Буре, 5ка и Винарија Охрид, кои ќе понудат богата селекција на македонски вина и уникатни вкусови за сите посетители.

Винскиот фестивал носи спој на урбана атмосфера, квалитетна музика и врвна винска понуда, а битолчани и посетителите од целата држава ќе имаат можност три дена да уживаат во уникатно  фестивалско доживување под отворено небо.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорката на САД Никол Варнс во прва официјална посета на Општина Битола

Следно

30 години „НОКАУТ“ во сабота во Арена „Јане Сандански“

Latest from Blog

Амбасадорката на САД Никол Варнс во прва официјална посета на Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална

Коњановски: Интензивно се работи на модернизација на улиците во Битола (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во видео обраќање истакна дека и покрај предизвиците со старата инфраструктура во градот, локалната самоуправа интензивно работи на подобрување на уличната мрежа и веќе се реализирани
Go toTop