„Важна посета“: Зеленски во Рим се состана со италијанскиот претседател и премиерката Мелони

May 13, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес допатува во посета на Италија и во Рим се сретна со претседателот и премиерката на Италија, јавува Анадолу.

„Важна посета за приближувањето на победата на Украина!“, напиша тој на Твитер при пристигнувањето во главниот град на Италија.

Според информациите добиени од извори од италијанското Претседателство, и италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони ја потврдиле целосната поддршка на Италија за Украина за време на нивната средба со Зеленски во Рим.

Ова е прва посета на Зеленски на италијанската престолнина од почетокот на војната на Русија против Украина на 24 февруари 2022 година.

Тој најпрво оствари средба со Матарела во палатата Квиринал, каде што разговараа за ефективноста на економските санкции против Русија, за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, борбата против лажните вести во Европа, бомбардирањата на цивилни објекти, киднапирањето на украинските деца, обновата на Украина и нејзините перспективи за интеграција во ЕУ.

Украинскиот претседател подоцна се сретна и со премиерката Мелони во палатата Чиги, каде што Мелони ја потврди сеопфатната поддршка на Италија за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Зеленски ќе го посети и Ватикан и ќе се сретне со папата Франциск.

Во Рим на сила се строги безбедносни мерки со распоредени 1.000 полицајци и затворање на воздушниот простор.

Голем број Украинци се собраа на плоштадот Барберини за да ја покажат својата поддршка за Зеленски.

По завршувањето на посетата на Италија, Зеленски се очекува да отпатува во главниот град на Германија, Берлин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челик: Масакрите за време на војната во Босна немаше да се случат ако тогаш беше денешна Туркије

Следно

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да започне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Latest from Blog

Разбојници украле куфери со над 2 милиони евра- филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

Тројца мажи украле куфери со повеќе од 2 милиони евра во готово на прометна улица во центарот на Токио, соопштија денес полицијата и медиумите, во редок инцидент во јапонската престолнина, позната по

Николоски: Комплетно сме спремни за патот Романовце – Страцин, се чекаат средства од ЕУ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски вечерва изјави дека има проект за автопат или експресен пат Романовце – Страцин, завршена е експропријацијата и, како што рече, комплетно сме спремни од наша

Минчев: ИСУЧР како единствен систем, носи транспарентност и буџетски заштеди

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која го истакна значењето на Информациониот систем за управување со

Меџити: Дигитализацијата е клуч за модерна локална администрација

Изет Меџити денеска учествуваше на втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), во својство на потпретседател на организацијата. На седницата, заедно со министерот за јавна администрација

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 1,8 процентни поени за една година

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии. Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на
Go toTop