Утврдени тројца кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 21, 2026
1 min read

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го утврди предлогот за кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Тоа се дипломираниот правник Миле Стојановски и Наташа Амдију, магистер на правни науки, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, како и Џихан Ахмед, дипломиран правник и магистер по меѓународно право и меѓународни односи предложена од ВРЕДИ.

На огласот за нови членови на КСЗД беа пријавени 19 кандидати, од кои 14 ги исполнија условите. Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера спроведе јавна расправа за утврдување на предлози за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Кандидатите својата кандидатура ја образложија преку претставување и одговор на прашања поставени од пратеници и од претставници на невладините организации.

Меѓу пријавените за нови членови на КСЗД беа и Лимко Бејзароски кој е актуелниот член на КСЗД, Кире Василев, Усеин Елезоски, Мери Ивановска, Жаклина Дамческа, Шемси Салаи, Горан Нешевски, Несиме Јашари Љума, Ирфан Лимани, Даниела Стојановска Џинговска и Елита Шуки.

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска побара мала пауза за да го разгледа подобро предлогот за кандидатката Џихан Ахмед, а во продолжението на седницата таа оцени дека имало многу поподготвени кандидати од неа.

– Треба како едни сериозни народни избраници овде предлозите да ги темелиме на она што значи подготвеност, дигнитет и идно претставување и борба против дискриминацијата во рамки на оваа Комисија која што е многу сензитивна и е клучна доколку утре имаме, а имаме огромен број на случаи на дискриминација во сите различни ресори, тоа заклучивме вчера, рече Лукаревска.

Пратеникот од ВРЕДИ Беким Ќоку и реплицираше на Лукаревска, дека кандидатката Ахмед вчера, како што рече, имала инцидент со еден од кандидатите и на седница дошла нервозна, па затоа, кажа, имала тешкотии во одговарањето на неколку прашања.

-Да сме фер и да направиме забелешки за сите кандидати, а не само за еден одреден кандидат, ако не ви одговорил одредено прашање, рече Ќоку.

Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор. При изборот на првиот состав на Комисијата, во согласност со овој закон, четири члена се избираат со мандат од пет години, а тројца со мандат од три години, со право на уште еден последователен повторен избор. Од редот на членовите избрани со мандат од пет години Комисијата избира претседател со мандат од една година, без право на повторен избор. При изборот треба да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.

За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, да има VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација, како и да не е носител на функција во политичка партија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Сите државни патишта се чисти и безбедни за сообраќај

Следно

Фиорентина се пофали со засилување од Болоња

Latest from Blog

Николоски: Сите државни патишта се чисти и безбедни за сообраќај

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека сите државни патишта низ Македонија се исчистени од снег и се проодни. „Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат.

Мицкоски од Давос: „4iG“ планира инвестиција од 100 милиони евра во Македонија

Премиерот се сретна со сопственикот на компанијата која ја доби дозволата за трет мобилен оператор Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на вториот ден од престојот во Давос се сретнал со сопственикот на

Познати се пораките што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во тужбата против Балдони (ВИДЕО)

Спорот настанал околу филмот „It Ends With Us“, во кој двајцата глумат, а Лајвли поднесе тужба против нејзината колешка и режисер за сексуално вознемирување и клевета, објави LADbible. Позадина на правниот спор

ПОТРОШУВАЧИТЕ ЈА КАЗНИЈА „МИЛКА“ – измама на годината во Германија

Хамбуршкиот центар за заштита на потрошувачите ја прогласи алпската млечна чоколада „Милка“ за „Измама со амбалажа за 2025 година“, за што гласаа дури 66,7 отсто, односно две третини од гласачите. „Милка“ ја
Go toTop