Утре тестирање на камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово

January 24, 2026
1 min read

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

–Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од МВР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВА ПРВО СТРАДА ВО ЗИМА И ОД НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, дизелашите имаат дополнителни проблеми

Следно

Коњановски најави нова пречистителна станица и продолжување на патот кон Копанки

Latest from Blog

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop