Ураганот во САД: Луѓето почнаа да се враќаат во своите домови по големите разурнувања

October 11, 2024
1 min read

ТАМПА БЕЈ (АА) – Ураганот Милтон, кој го погоди копното во подрачјето на Сиеста Ки во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД), зад себе остави големи разурнувања, а оние кои беа евакуирани од регионот почнаа да се враќаат во своите домови, јавува Анадолу.

Според „Вашингтон пост“, Милтон, кој се очекуваше да биде ураганот на векот, според првичните проценки предизвикал смрт на 14 лица.

Ураганот Милтон донесе силни ветрови и дожд низ Флорида и предизвика многу торнада кои зад себе оставија уништување. Властите ги предупредија граѓаните на пораст на нивото на водата и ризик од поплави откако ураганот го напушти регионот.

Продолжија акциите за пребарување и спасување на Флорида, каде загинаа 14 лица. Се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека вонредната состојба во земјата продолжува и по ураганот.

„Наша работа е да спречиме зголемување на бројот на загинати“, рече Мајоркас.

Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис изјави дека повеќе од 2,5 милиони луѓе се без струја и дека работат на решавање на проблемот.

Официјалните лица најавија дека летовите постепено ќе се обновуваат на државните аеродроми почнувајќи од утринава.

Националната метеоролошка служба (NWS) претходно предупреди дека ураганот Милтон, кој се засилува во Мексиканскиот Залив и се приближува кон Флорида, може да биде „најсилниот“ во последните 100 години.

Наведувајќи дека дале сѐ од себе за да се подготват за ураганот, американскиот претседател Џо Бајден рече:

„Милтон изгледа како ураган на векот“.

Милтон доаѓа по ураганот Хелен, кој неодамна ја погоди Флорида, во кој загинаа 227 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панова: ДУИ го користи „Балансерот“ да глуми жртва пред народот, иако заедно со СДС во стратегијата за јавна администрација го имаат вметнато укинувањето

Следно

Турскиот претседател Ердоган со највисоки државни почести пречекан во Србија

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?

фото: Megatron (X) Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што може сериозно да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако
Go toTop