Украина уништи 41 руско беспилотно летало, собори авион Су-24М

December 6, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украина уништи 41 руско беспилотно летало од типот „Шахед“ и собори авион „Су-24М“, јавува Анадолу.

Командата на Украинските воздухопловни сили соопшти дека руската Армија синоќа ја нападнала територијата на Украина со беспилотни летала од Крим и руската област Курск.

Наведено е дека Русија во нападот користела 48 беспилотни летала, а 41 биле уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана.

Командантот на Украинските воздухопловни сили, Николај Олешчук, изјави дека рускиот авион „Су-24М“, што се обидувал да изврши ракетно бомбардирање на југот од областа Одеса, под заштита на авион „Су-30СМ“, вчера бил соборен во близина на Змискиот Остров во Црното Море.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски им се заблагодари на силите за воздушна одбрана за соборувањето на рускиот авион.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Партијата на Палчо мора да биде дерегистрирана

Следно

Кривичен објави за одобрениот притвор за осомничените за убиството на Вања и Панче

Latest from Blog

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека
Go toTop