Украина тврди дека соборила дронови и проектили во руски воздушен напад, повредени 4 лица

June 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес соопшти дека соборила повеќе беспилотни летала и проектили при руски воздушен напад во текот на ноќта, при што повредени се најмалку четири лица, пренесува Анадолу.

Командантот на Украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, преку Телеграм истакна дека противвоздушната одбрана на земјата соборила 24 беспилотни летала и пет проектили над регионите Киев, Дњепропетровск, Запорожје, Полтава, Харков и Виница.

Олешчук нагласи дека од Русија вкупно биле лансирани шест проектили.

Гувернерот на Дњепропетровск, Серхиј Лисак, преку Телеграм изјави дека три лица се повредени во дистриктот Синелникове во регионот, посочувајќи дека се оштетени девет приватни објекти.

Во меѓувреме, гувернерот на Киев, Руслан Кравченко, исто така, преку Телеграм соопшти дека едно лице во главниот град на земјата е повредено поради паѓањето на остатоци од дроновите соборени над регионот.

Посочувајќи дека тревогата за воздушен напад во регионот траела речиси два часа, Кравченко рече дека биле забележани штети врз голем број објекти во два окрузи во регионот на Квклучителн, меѓу кои и во индустриски објект и магацин каде што избувнале пожари.

Властите во регионите Запорожје, Полтава, Харков и Виница во земјата не пријавија жртви или штети предизвикани од воздушниот напад во текот на ноќта.

Руските власти сè уште не го коментирале тврдењето на Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големиот пожар на Кипар сè уште не е ставен под контрола

Следно

Техничката влада созреа за укинување?

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop