Украина наскоро може да остане без муниција за противвоздушната одбрана, сугерираат протечените документи на Пентагон

April 10, 2023
2 mins read

Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300 во битката со руските напади од воздух би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави Њујорк Тајмс, а противвоздушната одбрана што ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај

Додека американските власти се обидуваат да го откријат изворот на протекување на доверливите документи, дел од нив кои датираат од февруари оваа година сугерираат дека украинската противвоздушна обрана може да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели, пишуваат Гардијан и Ројтерс.

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Еден од документите, со датум од 23 февруари и со степен на класификација „Тајна“, детално прикажува дека украинските системи за воздушна одбрана С-300 од советската ера ќе бидат исцрпени до 2 мај, доколку се продолжи со сегашното темпо на употреба. Засега нема информации дали стапката на користење оттогаш се променила.

Автентичноста на документите на Пентагон не е потврдена. Во соопштение од вчера, Пентагон рече дека ја разгледува валидноста на фотографираните документи кои „се чини дека содржат чувствителен и високо доверлив материјал“.

Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300 во битката со руските напади од воздух би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави Њујорк Тајмс, а противвоздушната одбрана што ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај.

Руските борбени авиони и бомбардери со тоа ќе добијат поголема можност за напад на украинските сили што би било голем предизвик за Киев, пишува Тајмс, цитирајќи високи воени претставници.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили, полковникот Јуриј Игнат, не ги коментира конкретно информациите содржани во документите, но за Вол Стрит Журнал изјави дека Украина се соочува со сериозни предизвици во пронаоѓањето на советската муниција за нејзиниот клучни противвоздушни системи С-300 и „Бук“.

„Ако ја изгубиме битката за небото, последиците за Украина ќе бидат многу сериозни“,

изјави тој за весникот.

Тој ги повика западните сојузници да ја забрзаат својата помош, порачувајќи:

„Ова не е време за одложување“

Инаку, според некои американски официјални претставници, очигледното протекување на доверливи документи на Пентагон можеби е од американски извор.

 „Сега фокусот е на тоа дека протекувањето е од внатре во САД, бидејќи многу од документите беа само во рацете на САД“,

изјави Мајкл Малрој, поранешен висок функционер на Пентагон, во интервју за Ројтерс.

Официјални лица велат дека широчината на темите опфатени во документите, кои се однесуваат на војната во Украина, Кина, Блискиот Исток и Африка, сугерираат дека тие можеби биле објавени од американски извор, а не од некоја сојузничка земја.

Американските власти соопштија дека истрагата е во рана фаза и дека оние што ја водат не ја отфрлаат можноста дека проруски елементи стојат зад протекувањето, што се смета за едно од најсериозните безбедносни нарушувања откако во 2013 година повеќе од 700 000 документи, видеа и дипломатски телеграмите се појавија на веб-страницата на Викиликс.

Руската амбасада во Вашингтон и официјален Кремљ засега не одговорија на барањата за коментар упатени до нив.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продажбата на билети за ЕУРО2024 ќе стартува во октомври

Следно

Украина ги менува воените планови по протекувањето на податоците од Пентагон

Latest from Blog

Иран испрати нов предлог за завршување на војната

Иран им понуди на САД нов предлог за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на војната, додека нуклеарните разговори се одложени за подоцнежна фаза, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на американски

Вајц: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Запрашан за европскиот пат на нашата држава, Вајц

Холандија на Мундијалот без Чави Симонс

Уште еден фудбалер летово нема да може да патува на фудбалскиот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Холандскиот играч од средниот ред, Чави Симонс, објави дека ќе го пропушти Светското првенство поради

Политички земјотрес во Израел: ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет и лидерот на најголемата опозициска партија, Јаир Лапид, објавија спојување на нивните две партии и заедничка кандидатура против Бенјамин Нетанјаху и неговата партија на изборите во 2028

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски. Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро.
Go toTop