УКИМ е на 1.526. место во светот на најновата листа на „Вебометрикс“, напредок за 68 места од лани

February 3, 2023
1 min read

Веб-страницата „Вебометрикс“, која прави рангирање на универзитетите во светот, ја објави годинашната ранг-листа на најдобри универзитети. Универзитетите се рангирани според нивното влијание, отвореност и исклучителност.

На првите три места се наоѓаат универзитети од САД. Прв е „Харвард“, а по него следуваат „Стенфорд“ и Технолошкиот институт во Масачусетс.

Од универзитетите во Македонија, на највисоко место се наоѓа Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а се наоѓа на 1.526. место. Тоа е раст во споредба со минатата година, кога бил на 1.594. место во светот.

Вториот најдоброрангиран македонски универзитет – „Гоце Делчев“ во Штип се најде на 3.632. место. Универзитетот на Југоисточна Европа се најде на 4.369. место на ранг-листата. На 4.631. место се најде Државниот универзитет во Тетово, а на 5.047. место е Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН е најлошо рангиран универзитет во Македонија и се наоѓа дури на 26.051. место.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Твитерџија со едноставна идеја како да се зголеми безбедноста на пешаците во Скопје

Следно

Асенсио го постигна голот на сезоната за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Вака изгледаат 60 години“: Една од најплатените манекенки во ’80-те позираше во долна облека

„Нашите несовршености нè прават совршени“ Во описот на објавата, 60-годишната Чехинка призна дека, како и многумина, е „зависна“ од гледањето видеа во кои луѓето се дотеруваат, додавајќи дека тоа ја прави да

Благодарение на вашата помош, dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Седма година по ред, dm дрогерие маркт успешно ја спроведе својата иницијатива „Giving Friday“, претворајќи го денот на најголемите попусти во ден на дарежливост и солидарност. На 29 ноември, со поддршка на

“Помив се и сешто, и СЕГА СУМ МРТВА УМОРНА…“

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас неодамна ја прославија својата 25-годишнина од бракот и токму толку го привлекуваат вниманието на јавноста, а денес се познати како еден од најкомпатибилните парови и покрај
Go toTop