УЕФА покренува дисциплинкска постапка против Мурињо, Рома и Севиља

June 3, 2023
1 min read

Европскиот фудбалски сојуз УЕФА покрена дисциплинска постапка против тренерот на Рома, Жозе Мурињо поради навреда на судијата Ентони Тејлор откако неговиот тим беше поразен во финалето на Лига Европа од Севиља.

Во средата вечерта во Будимпешта, Рома загуби од Севиља во финалето на Лига Европа по изведување пенали, а по натпреварот Мурињо најпрвин остро го критикуваше Тејлор на прес-конференцијата, а потоа го чекаше на паркингот на стадионот и го навредуваше.

Португалецот повеќепати пцуеше и рече „срамота“ пред судиите да влезат во автобусот.Во текот на натпреварот Мурињо доби жолт картон поради неспортско однесување, а Тејлор постојано ги предупредуваше екипите и играчите на клупата, бидејќи четвртиот судија Мајкл Оливер не успеа да ја одржи контролата.

Покрај тоа, судијата Тејлор и неговото семејство подоцна беа малтретирани и навредувани од група навивачи на Рома на аеродромот во Будимпешта, но УЕФА тоа нема да го земе предвид бидејќи нејзината јурисдикција завршува на стадионот.

УЕФА, покрај постапките против Мурињо, покрена постапка и против двата клуба за голем број прекршоци, вклучително и навлегување на теренот, фрлање пиротехнички средства и несоодветно однесување од страна на тимовите.

Во особено тензичното финале во Лига Европа кое траеше повеќе од три часа, судијата Тејлор им покажа 13 жолти картони на играчите, што е најмногу на еден натпревар во Лига Европа. Седум од нив ги освоија играчите на Рома, што е рекорд за финалето.

Тој во текот на двете полувремиња надополни повеќе од 25 минути, поради доцнење и повреди на играчите. УЕФА не посочи кога дисциплинската комисија ќе одлучува за овие случаи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за пораките од Марфи и од Сарацин: На ниту една средба не сум добил аргумент дека мојата позиција за Уставот е инаетење

Следно

Ново издание на 360°: Мицкоски прифаќа само тет-а-тет средба со Ковачевски

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop