УЕФА: Истанбул останува домаќин на финалето во ЛШ

May 12, 2023
1 min read

Откако лондонски „Дејли Мејл“ неодамна објави дека финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) би можело да се премести во Лисабон во случај на немири во Истанбул за време на претстојните турски претседателски избори, УЕФА денеска објави дека тоа не е точно.

Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни, како што е и планирано. УЕФА воопшто не води разговори во поинаков правец со ниту едни политички институции, влади или национални фудбалски федерации, соопшти УЕФА.

„Дејли Мејл“ објави дека оти е малку веројатно дека УЕФА ќе го одложи финалето, откако во 2020 и 2021 година го премести од Истанбул поради пандемијата на коронавирусот, но, според англискиот весник, УЕФА, наводно, размислува за резервен план стравувајќи од можни немири во случај на изборен пораз на Реџеп Тајип Ердоган, кој две децении е на власт во Турција.

Главниот град на Португалија беше клучен дел од планот Б за време на пандемијата на коронавирусот и во Лисабон беше одржан завршниот турнир во Лигата на шампиони, кога натпреварите од четвртфиналето до финалето беа одиграни пред празни трибини.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Припадници на академската фела во Шпанија кои преминале во ислам се соочуваат со дискриминација

Следно

10 ГОДИНИ ЈА СЛАВИМЕ КРЕАТИВНОСТА НАМЕСТО ПРОСЕКОТ, ВЕЛИ АНГЕЛКА ПЕЕВА-ЛАУРЕНЧИЌ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА ДВИЖЕЊЕТО „БРАВО СИНЕ!“

Latest from Blog

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop