Тројца охриѓани завршија во притвор поради нападот на секретарот на бугарскиот клуб

January 20, 2023
1 min read

Од охридската полиција додаваат дека по целосно документирање на случајот против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава

Тројца охриѓани завршија во притвор, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава во врска со нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информираа попладнево од охридската полиција.

„Полициски службеници од СВР Охрид денеска по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид. По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава“,

се вели во соопштението на СВР Охрид.

Секретарот на клубот „Цар Борис Трети“ кој синоќа бил нападнат од други три лица во угостителски објект во Охрид, со бугарски владин авион ќе биде транспортиран и ќе се лекува во болница во Бугарија.

Ова денеска го најавија од Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија од каде нагласија дека во случајот се вклучени сите надлежни бугарски институции.

Синоќешниот инцидент во Охрид, за кој првично објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „Бугарија он ер“, наиде на категорична осуда од официјална Софија, според која, нападот е „последица на тоа што од институциите на Северна Македонија нема системски одговор на злосторствата над граѓаните кои се идентификуваат како Бугари“.

Во меѓувреме, бугарското МНР најави дека ќе ја повика амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, за да ѝ врачи протестна нота за синоќешниот инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Пендаровски бара истрага за претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Радев го осуди инцидентот во Охрид: На ЕУ уште еднаш ќе ѝ го предочам прашањето за почитувањето на правата на Бугарите во С Македонија

Бугарија со владин авион ќе го пренесе натепаниот секретар на „Цар Борис Трети“ во бугарска болница

ЕУ го осуди инцидентот во Охрид: Очекуваме властите брзо да го истражат случајот

Османи го осуди нападот на секретарот на „Цар Борис Трети“ и најави дека ќе го посети

Бугарија ќе испрати протестна нота до македонското МНР за претепувањето на секретарот на „Цар Борис Трети“

Претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад со нож на станица во Брисел: Напаѓачот извикувал Алаху Акбар (ВИДЕО)

Следно

Германија за испраќањето тенкови во Украина: Сојузниците треба да ни дадат зелено светло

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop