Раководството на Тотенхем денеска и официјалмо му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Томас Франк. Стратегот доби отказ откако вчера неговиот тим загуби од екипата на Њукасл на домашен терен.
Попладнево веќе стигна и информацијата дека управата на клубот од Лондон размислува да го назначи Маурисио Покетино за главен тренер. Покетино моментално работи со репрезентацијата на САД, што го прави неговото враќање во Лондон невозможно барем до крајот на Светското првенство. Затоа, Спарс размислуваат да назначат привремен тренер до почетокот на следната сезона.
Покетино претходно го водеше Тотенхем од 2014 до 2019 година. Под негово водство, клубот стигна до финалето на Лигата на шампионите и Лига купот.
Извор: vecer.mk


