Тошковски: За пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци – секој втор возач сторил прекршок

February 10, 2025
3 mins read

За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што појасни, 195 прекршоци се за немање на возачка дозвола, а вкупно 19 алкохолизирани возачи возеле моторно возило.

Тошковски вечерва во интервју за 360 степени, информираше дека од овие сторени прекршоци, 50 луѓе возеле нерегистрирано возило, а 695 луѓе управувале со возило побрзо од дозволена брзина.

-Речиси секој втор што бил запрен, сторил некаков прекршок. Внимавајте, 195 прекршоци за немање возачка дозвола. Во овие 195 прекршоци, можеби едно лице и два пати е запрено, но факт е дека овие луѓе никогаш немале положено возачки испит. Ова е по трагичниот случај , по смртта на Фросина. Дури 19 алкохолизирани луѓе управувале моторни возила за овие пет дена. Нерегистрирани, значи тоа возило не поминало на технички преглед, никој не констатирал дека е во состојба за да биде управувано – 50. И внимавајте, 695 луѓе управувале побрзо од дозволена брзина, рече Тошковски.

Како што посочи, само во изминативе три години имало 393 човечки жртви како последица на сообраќајни незгоди. Во 2024 година имало 142 човечки жртви.

-Мораме темелно да навлеземе во проблемот – проблемот со сообраќајната некултура и проблемот со огромниот број човечки жртви. Само во изминативе три години имаме 393. Близу 400 жртви имаме како последница на сообраќајни незгоди. 2024 година бројката е најголема – 142 жртви. Ние мораме системски да видиме што се треба да се стори за на крајот да имаме позитивни резултати. Колку и полициските службеници да бидат на терен, колку и да изрекуваат санкции, тоа е само еден начин како би можело да се влијае за да може да се нормализира сообраќајната култура, додаде Тошковски.

Според Тошковски, не можеме да говориме за сообраќајна култура и за почитување на сообраќајни норми и за подобрување на системот, кога нема градски превоз како што треба во градот Скопје.

Тошковски е дециден дека имаме едни од најстрогите закони за сообраќајни инциденти, но проблем е судската пракса.

Како што појасни, во нашата држава, при сообраќајна несреќа со смртни последици, имаме предвидена казна затвор од четири до 20 години, во Словенија казната е од една до 12, во Хрватска од три до 15, Германија до десет, а во Србија од пет до 15 години затвор, што значи дека проблемот не е во предвидените казни од аспект на строгост бидејќи тие се едни од најстрогите во Европа.

-Согласно статистиката со која располага земјава, во 2023 година имало околу 900 вакви кривични дела, од кои само 45 се со затворски казни, додека 834 се со парични. Кај затворските казни, од десет до 15 години нема ниту една, од пет до десет години казна затвор добиле три лица, од три до пет години – шест лица, од една до две години – седум лица, од шест месеци до една година – шест лица, додека затворска казна до шест месеци добиле 21 лице, наведе Тошковски.

Како што додаде, проблемот е во конкретните предмети коишто се спроведени од судовите.

-Експертската фела многу добро разбира дека помеѓу право, правда и правичност, има многу голема разлика. Ние говориме како да создадеме систем, како да создадеме општество коешто на крајот на денот, освен што ќе биде во рамки на закон, пресудите коишто ќе ги донесе, актите коишто ќе ги спроведе, обвиненијата коишто ќе ги процесира, ќе бидат правични. Потребна е јасна дефиниција на тоа што е кривично дело, а што е прекршок, како и вмрежување на институциите бидејќи е недозволиво Јавното обвинителство при процесирање на постапка да каже дека нема информации колку прекршоци биле сторени од одредени лица во делот на сообраќајот, но и МВР да ја нема казнената евиденција што ја имаат судовите, рече Тошковски.

Тој најави дека системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година. Појасни дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. Формирана е работна група во која има експерти од различни области, претставници на повеќе институции и МВР, кои, според министерот, интензивно работат на решение.

-Што се констатираше досега? Неусогласеност на законите од аспект на нејасно дефинирање на Кривичен законик (КЗ) со Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата и Закон за прекршоци. Преклопување на дејствија на извршување. Значи, ние мораме да опфатиме измени и дополнување на КЗ за да разграничиме јасно што е кривично дело, а што е прекршок од аспект на безобѕирно управување со моторно возило, и мене ако ме прашате лично, да додадеме во рамки на дејствијата на безобѕирно управување со моторно возило и одземање на возачка дозвола, наведе Тошковски.

Министерот додаде дека мора да се регулира доказната вредност на камерите.

– Од денешен аспект, управување со моторно возило од аспект на забрана кога се изрекува, на еден начин е дефинирано во Законот за безбедност, на сосема друг начин е регулирано во Законот за извршување санкции. Не е јасно од кога почнува да тече изречената забрана. И го знаат тоа луѓето, го знаат тоа македонските граѓани, оние барем коишто се казнети. Се упатуваат до Министерството, па им велат – не сега, не сме ја примиле итн. Тоа мораме да го решиме. Доказната вредност на камерите во рамки на Законот за прекршоци мора јасно да се дефинира за да можеме да ја употребуваме како доказ во рамки на судска постапка. Одговорност на сопственикот на возилото. Ако не тргнеме од правна претпоставка дека тој што го регистрирал возилото е одговорен, иако го дал на некој од неговата фамилија, за сторениот сообраќаен прекршок, ништо не сме сториле, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Санторини

Следно

Ѓорѓиевски во 24 анализа: Мојата амбиција е да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, но одлуката ќе биде според анкетите

Latest from Blog

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во
Go toTop