Тошковски: Имплементирањето на научната мисла и достигнувања овозможува подобро да се подготвиме за сите предизвици кои се клучни за безбедноста на државата

September 23, 2024
1 min read

Денеска во Охрид со задоволство се обратив на отворањето на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“, објави на својот фејсбук профил министерот Тошковски.

Тој ја упати својата благодарност до организаторот за можноста да се обрати пред реномираниот собир на експерти од областа на безбедносните науки и истакна дека конкретната тема посебно погледната од аспект на моменталните глобални трендови и случувања бара сериозно експертско анализирање со цел проекција на решенија кои имплементирани ќе ја гарантираат безбедноста и отпорноста на регионот.

-Унапредување на науката и академското истражување на степен на којшто заслужува е нужно не само за научната фела, туку и за практиката како таква. Ако сакаме да зборуваме за безбедно општество, борба против сите видови сериозен криминал, нужно е да ги дискутираме темите и на ова академско и експертско ниво со цел заклучоците и научните факти кои ќе произлезат од ваквите настани да ги имплементираме во институциите со што ќе го зголемиме нивното ниво за да се борат со сите предизвици како што се организираниот криминал, сајбер криминалот и високата корупција. Научната мисла мора да го даде својот придонес во секој од овие пилари, во кои институциите како МВР ќе треба да се развиваат во иднина, потенцираше министерот Тошковски во своето обраќање.

Facebook / Панче Тошковски

-Имплементирање на научната мисла и достигнувања создадени на вакви конференции и форуми овозможува подобро да се подготвиме за сите предизвици кои не очекуваат во иднината и кои се клучни за безбедноста на државата, регионот и пошироко, нагласи министерот за внатрешни работи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

Следно

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop