Торнадото во американската држава Мисисипи досега одзеде 25 животи

1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати од торнадото што ја зафати американската сојузна држава Мисисипи во петокот вечерта се зголеми на 25, а десетици луѓе се повредени, известува Анадолу.

Агенцијата за справување со вонредни состојби на Мисисипи синоќа објави дека четири лица се водат како исчезнати, додавајќи дека бројни спасувачки екипи се во потрага и спасување на теренот.

Агенцијата предупреди дека во недела, во вечерните часови, се очекува јака бура низ Мисисипи со силни налети на ветер.

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, воведе вонредна состојба на подрачјата погодени од бурата.

Американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Твитер објави дека неговата сопруга Џил и тој самиот се молат за оние кои ги загубија животите во разорните торнада што го зафатија Мисисипи и за оние на кои им исчезнале најмилите.

„Ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме. Ќе работиме заедно во давањето поддршка која вам ви е потребна за закрепнување, колку што ќе биде потребно“, додаде Бајден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Спасовски не открива дали сака да биде кандидат за претседател

Следно

(ВИДЕО) Моментот кога торнадо удри во училиште во Мисисипи

Latest from Blog