Тоневски: 100 дена – проекти, реформи и план за развој

February 25, 2026
1 min read

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод 100 дена од преземањето на функцијата, информираше за затекнатата состојба во општината, потенцирајќи дека биле констатирани сериозни финансиски и административни проблеми.

Тој посочи дека заклучно со 31 декември 2025 година, вкупниот долг на општината изнесувал 61.755.000 денари, односно нешто повеќе од еден милион евра, без да се пресметаат кредитните задолжувања.

„Покрај финансиските предизвици, затекнавме и сериозни слабости во административното функционирање. Имаше 429 предмети за легализација кои стоеле непотпишани со месеци и години, како и подготвени известувања до должници кои не биле доставени. Констатирани се и бројни непочитувани процедури и пробиени рокови“, истакна Тоневски.

 

Во име на општината, тој упати извинување до граѓаните за пропустите и најави воспоставување на поефикасен и професионален систем на работа.

Паралелно со стабилизацијата, општината веќе започнала со реализација на повеќе проекти, меѓу кои изградба на атмосферска канализација и потпорни ѕидови во Блок 7.5, замена на подот во спортската сала во ООУ „Никола Карев“, изградба на кошаркарско игралиште во Злетово, санација на резервоар за вода и реконструкција на планинарскиот дом „Црн Врв“.

Во тек се и активности за изградба на помали улици, пристапни патеки и чистење на диви депонии.

Во делот на дигитализацијата, Тоневски најави воведување електронска архива и дигитализација на доставата на даночни решенија, со цел подобрување на услугите кон граѓаните и бизнисите.

Општината донела и Програма за поставување урбана опрема, по неколкугодишна пауза, а поднесени се и апликации до Светска банка за проекти за енергетска ефикасност на Домот на култура и основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Тоневски информира дека се изработуваат проекти за изградба на капела во Злетово, реконструкција на патишта во повеќе населени места, изградба на улици и уредување на јавни површини.

Со подобрување на временските услови се очекува интензивирање на градежните активности, при што се планирани реконструкции на повеќе улици, патишта и изградба на нов паркинг простор во Лесново.

Во наредниот период, општината ќе започне постапка за избор на претседатели на месните заедници, со цел поголемо вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки.

Дополнително, во соработка со здравствените институции, од март ќе започнат бесплатни ортопедски прегледи за деца до 15 години.

Во областа на животната средина, најавено е и набавување мерни станици за следење на квалитетот на воздухот, како и активности за намалување на загадувањето.

Тоневски најави и формирање нова индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија, како и нова зона за домување, како дел од долгорочниот развој на општината.

„Ова се првите 100 дена – период на стабилизација и поставување цврсти темели. Нашата цел е јасна: финансиски стабилна, урбанистички уредена и развојно ориентирана општина која работи транспарентно и во интерес на граѓаните“, порача Тоневски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација

Latest from Blog

Трамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација

Нашата нација се врати поголема, побогата и посилна од кога и да е, рече во обраќањето американскиот претседател, зборувајќи од рекордните нивоа на берзите преку ниските цени на горивата до спречувањето на

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за

Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на

Финансиска поддршка за спортот: Битола распредели буџет од 3 милиони денари

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик

Реал без Мбапе во следните неколку недели

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го пропушти вечервашниот реванш натпревар од плејофот за Лигата на шампионите против Бенфика, потврди клубот. Напаѓачот продолжува да се мачи со
Go toTop