Тевез итно пренесен во болница

April 24, 2024
1 min read

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово навреме отворени

Следно

(ВИДЕО) Еве што очекуваат жителите на Куманово од изборите

Latest from Blog

Општина Битола: Продолжува креирањето на буџетот за 2027 година заедно со граѓаните

Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027

Божиновска: На 25 ноември во Скопје го отвораме Првиот форум за енергетска дипломатија

На 25 ноември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Николоски од Виена: Македонија ќе стане клучна транспортна крстосница во Југоисточна Европа

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и
Go toTop