Тела на 28 убиени Палестинци донесени во болница во северниот дел на Појасот Газа

May 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на болницата „Камал Адван“, Хосам Абу Сафија, денес информираше дека телата на 28 убиени Палестинци, меѓу кои има 10 деца и 10 жени, се донесени во болницата по израелско бомбардирање во близина на болницата во северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

„Изгубивме многу ранети поради недостаток на основни медицински ресурси потребни за спасување човечки животи“, рече директорот Абу Сафија.

Тој додаде дека ситуацијата е катастрофална поради недостатокот во здравствениот систем и недостапноста на лекарства и основни санитарни средства.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа се убиени над 35.386 Палестинци, воглавно деца и жени, а 79.366 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Пред Меѓународниот суд на правдата Израел е обвинет за геноцид. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФОТО: Што се случува со Том Круз? Хирурзи се сомневаат дека имал операција

Следно

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицo пред судот ја призна вината

Latest from Blog

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с.

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ –

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

ТИРАНА (АА) – Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Фуат Октај, изјави дека Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот, јавува Анадолу.

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од
Go toTop