ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

April 26, 2024
1 min read

Рубен Даглас, кошаркар чие име некогаш се почитуваше ширум планетата, почина на 44-годишна возраст поради здравствени проблеми, соопшти неговото семејство, а веста потоа ја пренесоа клубовите чии бои ги бранеше.

Рубен Даглас е роден во Пасадена, Калифорнија на 30 октомври 1979 година. Во текот на кариерата во НЦАА ги бранеше боите на Аризона и Њу Мексико, а во 2003 година беше најдобар стрелец на НЦАА лигата.

Истата 2003 година се појави и на драфтот, но не стигна до НБА лигата, па а започна европската авантура.

Даглас играше за Паниониос, Динамо од Москва, Валенсија, Рома, Севиља, Усик од Турција, Фортитудо од Болоња.

Даглас, кој беше репрезентативец на Панама, со која играше на Светското првенство во 2006 година, со тимот на Динамо Москва ја освои титулата во Еврокупот.

Во финалето Динамо го победи Арис со 73:60, а Рубен Даглас беше МВП на последниот натпревар.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

Следно

По страшната дијагноза: Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности

Latest from Blog

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

Централата е под руска контрола од почетокот на војната. Моментално таа не произведува електрична енергија и се потпира на надворешни извори на енергија за да го одржува своето нуклеарно гориво ладно и

Одржана тет-а-тет средба Сиљановска-Давкова – Бегај: Разменети мислења за европските аспирации на Македонија и Албанија

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше

Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту едно пратеничко прашање од страна на

Кристијано Роналдо е пред спектакуларен кам-бек во Европа

фото: AlNassr FC (X) Според британски извори, лондонскиот гигант Челзи внимателно ја следи ситуацијата околу договорот на Роналдо во Саудиска Арабија. Наводно, постои реална можност искусниот напаѓач да го напушти Блискиот Исток

Општина Прилеп избра Локално собрание на млади со 24 претставници

Општина Прилеп го избра Локалното собрание на млади пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници
Go toTop