СЗО за земјотресите во Туркије: Сведоци сме на најголемата природна катастрофа во последните сто години

February 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, говорејќи за земјотресите во јужна Туркије и Сирија, рече дека се сведочи на најголемата природна катастрофа во последните сто години, јавува Анадолу.

Светската здравствена организација покрена апел за помош и поддршка во вредност од 43 милиони долари за подрачјата погодени од земјотресите во Туркије и Сирија.

„Очекувам ова барем да се удвои во наредните денови бидејќи ќе добиеме подобра проценка за обемот на оваа криза и потребите“, рече Клуге.

Тој рече дека парите ќе бидат искористени за „да се обезбеди пристап до најранливите и тешко достапни граѓани, да се обезбеди посттрауматска рехабилитација и да се обезбедат основни лекови и комплети за итни случаи за да се пополнат итните празнини во здравствената заштита“.

Исто така, ќе се користат за „да се обезбеди витална ментална и психосоцијална поддршка на погодените граѓани и да се обезбеди континуитет на рутинските здравствени услуги, особено за жените, децата и постарите лица“.

Клуге додаде дека СЗО доставила најголем број тимови за итна медицинска помош во европскиот регион на СЗО во неговата 75-годишна историја.

Тој изјави дека досега во Туркије пристигнале 12 екипи на итната медицинска помош, а на пат се уште десет.

„Сега е време меѓународната заедница да ја покаже истата великодушност што Турција ја покажа кон другите нации низ годините“, нагласи Клуге.

Како што рече, Туркије примила 4,2 милиони бегалци, што е најголемата популација на бегалци во светот.

„Сведоци сме на најлошата природна катастрофа во европскиот регион на СЗО во последниот век. Закрепнувањето и заздравувањето ќе бара време и напор. Но, можам да ве уверам дека СЗО ќе остане непоколеблива, со народот на Туркије и Сирија, онолку долго колку што е потребно“, рече Клуге.

Батир Бердикличев, претставник на СЗО во Туркије, рече дека „сериозните оштетувања на водоводните и канализационите системи се загрижувачки и го зголемуваат ризикот од болести што се пренесуваат преку вода“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даравелски доби ново судење: Кривичен и Апелација пресекоа дека не знаел оти треба да оди во затвор

Следно

Стефковски со амбасадорот на Словенија закројуваше лозница

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop