Светска банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција

February 9, 2023
1 min read

Ние обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на потребите на теренот, вели претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас

Светска банка објави дека ќе и обезбеди на Турција 1,78 милијарди долари помош во напорите за закрепнување по разорните земјотреси и последователни потреси во Турција кои веќе резултираа со огромни загуби на животи, повредени и многу значителни штети во и околу југоисточна Турција.

„Во име на Светска банка, изразуваме длабоко сочувство до народот на Турција и Сирија за големата загуба што ја претрпевте како резултат на разорните земјотреси. Ние обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на потребите на теренот“,

рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Од Светска банка соопштуваат дека непосредна помош од 780 милиони американски долари ќе биде понудена преку компонентите за одговор при итни случаи од два постоечки проекти во Турција.

„Помошта ќе биде искористена за обнова на основната инфраструктура на општинско ниво“,

додаваат оттаму.

Дополнителни една милијарда долари се подготвуваат за поддршка на погодените делови за закрепнување и обнова од оваа катастрофа.

„Непосредните и идните потреби на Турција се огромни и го опфаќаат целиот опсег од помош до реконструкција“,

рече Хумберто Лопез, директор на Светска банка за Турција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот потпретседател Октај: Бројот на загинати во земјотресите зголемен на 17.674

Следно

Светската банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop