Светска банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција

February 9, 2023
1 min read

Ние обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на потребите на теренот, вели претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас

Светска банка објави дека ќе и обезбеди на Турција 1,78 милијарди долари помош во напорите за закрепнување по разорните земјотреси и последователни потреси во Турција кои веќе резултираа со огромни загуби на животи, повредени и многу значителни штети во и околу југоисточна Турција.

„Во име на Светска банка, изразуваме длабоко сочувство до народот на Турција и Сирија за големата загуба што ја претрпевте како резултат на разорните земјотреси. Ние обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на потребите на теренот“,

рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Од Светска банка соопштуваат дека непосредна помош од 780 милиони американски долари ќе биде понудена преку компонентите за одговор при итни случаи од два постоечки проекти во Турција.

„Помошта ќе биде искористена за обнова на основната инфраструктура на општинско ниво“,

додаваат оттаму.

Дополнителни една милијарда долари се подготвуваат за поддршка на погодените делови за закрепнување и обнова од оваа катастрофа.

„Непосредните и идните потреби на Турција се огромни и го опфаќаат целиот опсег од помош до реконструкција“,

рече Хумберто Лопез, директор на Светска банка за Турција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Турскиот потпретседател Октај: Бројот на загинати во земјотресите зголемен на 17.674

Следно

Светската банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција

Latest from Blog

ГАЗДА МЕЧКА, БОГАТИОТ СРПСКИ ГАСТАРБАЈТЕР поарди ова го гони Германија за проневера на 7 милиони евра

Тројца српски државјани се уапсени во Германија под сомнение дека ја оштетиле таа земја за околу 7 милиони евра, како и дека ги држеле работниците од нивните компании во нехумани услови. Како

Пушел цигара на својата тераса во Виена- сега мора да плати казна од 13.000 евра

Спорот меѓу станарите трае со месеци – Даниел (42), татко на две деца, пушел цигара на терасата по работа, што го вознемирувало соседот од станот погоре. Не е пронајдено вознемирување Според него, соседот

Зголемен број туристи во Грција и зголемени приходи од туризмот во првите девет месеци од годинава

Во првите девет месеци од годинава приходите се 20,1 милијарди евра, зголемување, што според Банката на Грција, се должи како на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за
Go toTop