Струмички комуналец се дави во долгови кои надминуваат 6.5 милиони евра и тоа кон приватни компании

March 8, 2026
1 min read

Струмичкото комунално претпријатие кубури во долгови кои надминуваат 6.5 милиони евра само кон приватни компании. Директорот на претпријатието, Кире Синдраковски вели дека се прави стратегија како да се извлече најголемото општинско претпријатие од лошата финансиска состојба. Според него, ненавременото подмирување на долговите , но и недомаќинското работење е причина мака мачи да излезе од долговите. Работата на Комуналец сериозно била нарушена поради огромни наследени долгови. Вели дека најголем дел од вкупниот долг е кон приватни компании, кој со години бил трупан и не се подмирувал навреме.

„Финансиската состојба не беше добра. Вкупниот долг на комуналното претпријатие е 586 милиони денари. По основ на долгови спрема добавувачи се движеше околу 400 милиони денари. Тоа се долгови кон приватни компании кои да речеме давале некои услуги кон комуналното претпријатие и останале повеќе години несервисирани“, Кире Синдраковски, директор на ЈПКД „Комуналец“.
Во меѓувреме почнале со враќање на дел од долговите, а за развојните проекти на Комуналец ќе барале средства и од странски фондови. За сомнежи во легалното работење на ова претпријатие имаше и неколку кривични пријави за поранешни раководители.

„На почетокот од оваа година состојбата на долгот кон добавувачите беше околу 394 милиони денари, а на крај од јануари месец една линија ставивме некаде 13.02 таа падна на 386 милиони денари. Со домаќинско работење ќе се потрудиме да ја нормализираме состојбата а тоа е најдобро и за градот“, вели Синдраковски.
Освен големи долгови, забележани се и несоодветни пресметки на трошоци за вода и комунални услуги кај голем број компании и физички лица. Од управата на ова претпријатие велат дека ќе се проверува колкав бил бројот на повластени граѓани и компании кои со палаќање премали сметки го оштетувале претпријатието. Ревизијата треба да заврши за неколку месеци.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Миовски на клупа, Ренџерс поразен на пенали, навивачите приредија хаос (ВИДЕО)

Следно

МИЦКОСКИ: Денеска ќе го побарам адвокатот Менкиноски подетално да се запознаам со 10-годишната забрана за негов влез во Бугарија

Latest from Blog

Февруари со надолен тренд на цените на мало

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало во февруари 2026 година се намалени во споредба со јануари. Индексот на цените на мало изнесува 99,7, што значи пад од

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во
Go toTop