Столтенберг: Русија не го менува својот нуклеарен став

April 3, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не видела никакви промени во нуклеарниот став на Русија.

– Досега не видовме никакви промени во нивниот нуклеарен став, што бара каква било промена во нашиот нуклеарен став, изјави Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

Русија на 25 март постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ, рече Путин и додаде дека Америка стационирала нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници.

Путин истакна дека изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули и додаде дека Русија помогнала да се модернизираат белоруските воени авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов синоќа изјави дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе биде распоредено во близина на белоруската граница со соседите на НАТО.

Гризлов, говорејќи за белоруската државна телевизија, рече дека руското нуклеарно оружје ќе биде „поставено поблиску до западната граница на нашата сојузничка држава“, но не даде прецизна локација.

– Тоа ќе ги прошири нашите одбранбени способности и ќе биде направено без оглед на вревата во Европа и САД, додаде Гризлов.

Белорусија дели 1.250 километри граница со членките на НАТО – Летонија, Литванија и Полска.

Тактичкото нуклеарно оружје има релативно мал дострел и значително помала моќност во споредба со нуклеарните боеви глави кои се вградени во стратешките ракети со долг дострел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени пехарите и медалите на најдобрите шахисти на турнирот во Гази Баба

Следно

У19: Македонските фудбалерки подготвени за УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје

Latest from Blog

Волонтерството во Битола доби заслужено признание на Меѓународниот ден на волонтерите

5-ти декември е Меѓународниот ден на волонтерите и на овој ден секоја година се доделуваат наградите за најдобри волонтери кои со своите активности и ангажмани го поттикнуваат и промовираат волонтерството во Битола.

CEFTA Week 2025 заврши во Приштина: Тргуваме заедно, кон Европа

CEFTA Week 2025 заврши во Приштина по три дена исполнети со високопрофилни дискусии, експертски панели и визионерски разговори. Министри, високи претставници, претставници на Европската комисија, приватниот сектор, регионални организации, партнери и студенти

Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестици

Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци. Во своето обраќање пред претставниците на

Објавен е списокот на домаќинства со право на субвенција за електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на
Go toTop