Столтенберг: Алијансата не се откажува од политичко решение на судирите во Косово

June 1, 2023
1 min read

ОСЛО (АА) – Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека праќањето дополнителни трупи на Косово не значи дека Алијансата се откажува од можното политичко решение за тековните судири, јавува Анадолу.

Столтенберг го кажа ова пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Норвешка, Осло.

Одговарајќи на прашањето на Анадолу дали праќањето дополнителни 700 војници на НАТО во Косово и одржувањето баталјон подготвен во случај на дополнителна потреба значи дека Алијансата очекува судирите да се претворат во поголем конфликт во Европа по руската војна во Украина, Столтенберг рече: „Ова не значи дека НАТО се откажува од политичко решение.“

Тој додаде дека праќаат војници за да помогнат во деескалирањето на тензиите и дека баталјонот е во подготвеност во случај да се влоши ситуацијата.

Тензии го зафатија Косово со судири на демонстранти и безбедносни сили во северните општини во кои доминира српско население поради изборот на градоначалници етнички Албанци.

За време на судирите беа повредени најмалку 30 војници на НАТО, додека над 53 цивили се повредени од шок-бомби и солзавец, соопштија болнички извори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракитиќ: Зад нас е холивудска приказна за сезоната, треба да се запали цел град

Следно

Меси денеска одлучува за кого ќе потпише – ПСЖ има најмалку шанси, Барселона најлоша финансиска понуда

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop