Стерјо Папули нов претседател на Партијата на Власите од Македонија

April 19, 2026
1 min read

Вчера, на 18 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните процедури, му ја доверија раководната функција на новоизбраниот претседател, Стерјо Папули, кој веднаш по изборот ја презентираше својата програма за работа, се вели во соопштението од Паријата на Власите од Македонија што МИА го пренесува интегрално.

Програмата е насочена кон институционално јакнење на партијата, унапредување на правата на Власите во Македонија, како и кон поактивно учество во политичките процеси на државно ниво.

„Како претседател на Партијата на Власите од Македонија, истакнувам дека нашата политика се темели врз три столба: зачувување на влашкиот идентитет, јазик и култура, изградба на силни културни и образовни институции и активно учество во јавниот и општествениот живот. Веруваме дека токму преку овие три столба влашката заедница сигурно ја гради својата иднина и придонесува за напредокот на современа и европска Македонија“, изјави новоизбраниот претседател, Стерјо Папули.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рабио му донесе победа на Милан кај Верона!

Следно

Белата куќа: Венс сепак патува во Пакистан на нова рунда преговори за Иран

Latest from Blog

Ndërtimi i deponive rajonale vazhdon të zvarritet

Prej vitesh zvarritet ndërtimi i deponive rajonale, të cilat duhet ta zgjidhin problemin e pikave të egra të grumbullimit të mbeturinave, jashtë standardeve në gjithë vendin. I tillë është rasti me deponinë

Коњановски: Танцот е јазик што ги брише поделбите меѓу младите

Денеска беше завршницата на јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во

Белата куќа: Венс сепак патува во Пакистан на нова рунда преговори за Иран

Соопштението дојде откако претседателот Доналд Трамп изјави дека потпретседателот нема да присуствува на разговорите, што предизвика неизвесност околу составот на американската делегација, објави CNN. Контрадикторни пораки од Белата куќа Имено, претседателот Трамп

Рабио му донесе победа на Милан кај Верона!

ФОТО:facebook.com/SerieA/ Милан ја победи Верона како гостин со резултат од 1:0 во натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Тимот на Макс Алегри не се истакна денес, но сепак, неговите играчи
Go toTop