Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, треба да се издадат уште околу милион

September 3, 2024
1 min read

Сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, потсетувајќи дека старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година.

– Досега се издадени 750 000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година, рече Тошковски по денешната посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.

Министерот информираше и дека издавањето на лични документи е вратено во нормала.

– Од оваа недела натаму секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена, посочи тој.

На прашањето дали ќе се зголемат капацитетите од аспект на машини за изработка доколку во иднина настане слична ситуација, тој одговори дека работат на трајно решавање на проблемот.

– За разлика од тие претходно, ние решаваме проблеми и гледаме колку што е можно да ја поедноставиме целата постапка, не само во однос на лични документи, туку во однос на секое право кое што има да го стекне македонскиот граѓанин. Во иднина ќе се фокусираме на развластување од аспект на дискрециони права, сето она што го говориме за дигитализација во рамки на работењето на МВР ќе биде насочено исклучиво во таа насока, рече Тошковски.

Дополни дека пунктот „Пролет“ ќе се користи одреден временски период потребен за реновирање на просториите во Македонската радио телевизија кое, како што рече, ќе започне за месец и половина.

– Целта е да создадеме нормални услови за работа на полициските службеници и нормални услови каде што на граѓаните нема да им е срам да пристапат кон одредени објекти, дополни министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има работа, кој сака да работи- Најмногу слободни места во услужните дејности

Следно

Најмалку 129 лица загинаа во обид за бегство од затвор во ДР Конго

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop