Средба на Димитриеска-Кочоска со заменик-директорот на ММФ Бо Ли – Фокус на стабилни јавни финансии

April 19, 2026
1 min read

19 април 2026, Вашингтон – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%.

„Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и истовремена поддршка на економскиот раст преку обезбеден висок износ на капитални расходи во Буџетот. Клучен приоритет е задржување на стабилноста во јавните финансии, а имајќи ги предвид особено случувањата на меѓународен план и предизвиците кои што произлегуваат особено за мали и отворени економии како нашата“, рече министерката.

Таа посочи дека покрај напорите за фискална консолидација особено се работи на мерки за одржување и засилување на економската активност којашто имаше позитивен тренд во втората половина од 2024 и во текот на 2025 година и стапки на раст околу и над 3%.

На средбата беше потенцирано дека спроведувањето на фискалната консолидација е особено важна за создавање простор во буџетот за реакција на фискалната политика во услови на криза. При тоа беше укажано на мерките што се спроведуваат во моментов за поддршка на економијата и граѓаните заради растот на цените на енергенсите а како последица на конфликтот на Блискиот Исток.  Министерката посочи дека Владата има внимателен пристап и дека се следи состојбата и се преземаат соодветни мерки за справување со предизвиците.

Соговорниците се осврнаа и ги поздравија наодите на извештајот од Мисијата на ММФ за член 4, којашто беше спроведена во текот на минатиот месец, и упатија на натамошно спроведување на реформите во областа на јавните финансии за кои нашата земја добива значајна експертиза од ММФ.

Исто така, беше поздравено и формирањето на новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан и Молдавија  во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди.

Министерката за финансии со средбата со заменик-генералниот директор на ММФ го заврши престојот во Вашингтон, кадешто учествуваше на Пролетните средби на ММФ и СБ, одржа состаноци со високи претставници на ММФ и Светска банка, состаноци во Трезорот на САД, во Стејт департментот, како и средби со повеќе меѓународните финансиски институции и корпорации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски Концепт стартува кампања „Твои пари, твоја слобода“

Следно

MPB: Gjatë 24 orëve të fundit, tre denoncime për dhunë familjare

Latest from Blog

Македонски Концепт стартува кампања „Твои пари, твоја слобода“

Во период кога сè почесто се отвора дилемата дали трудот во Македонија навистина се вреднува и дали системот работи во интерес на граѓаните, политичката партија Македонски Концепт започнува нова комуникациска кампања под

Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети. – Се верува дека балистичките ракети

Американската војска потврди дека ги предале сите главни бази во Сирија

Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат напорите на партнерите во борбата против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските
Go toTop