Спалети: Нашиот замор и одличниот Милан причини за високиот пораз

April 3, 2023
1 min read

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, верува дека поразот од Милан со 4:0 се должи на замор.

– Можеме да бидеме погодени од замор, многу играчи се грижат многу за своите репрезентации и даваат се од себе. Исто така, многу зависи од самите натпревари, од летовите. Играчите се враќаат малку уморни. Но, Милан ја има истата ситуација. Делумно е заморот, делумно е тоа како одлично играше Милан. Не настапивме на вообичаеното ниво, цитиран е Спалети од веб-страницата на новинарот Џанлука ди Марцио.

Вчеравечер Милан на гостински терен го совлада Наполи со 4:0 во натпреварот од 28. коло на Серија А.

Наполи води во поредокот со 71 бод. Милан го престигна Интер и се искачи на третото место со 51 бод.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денеска „Паркинзи на општина Центар“ ќе вршат и комунални услуги

Следно

Израелските сили убија двајца Палестинци во окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop