Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро

April 7, 2026
1 min read

Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“ промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро.

Мобилната апликација „PelicanWatch“ ја создаде Друштвото за заштита на Преспа од Република Грција, таа е едноставна мобилна апликација која им овозможува на сите набљудувачи на птици или едноставно љубители на природата, да учествуваат во вистинско научно истражување.

-Преку апликацијата, граѓаните можат да бележат набљудувања на однесувањето на пеликаните при хранење и да им помогнат на научниците подобро да ги разберат предизвиците со кои се соочуваат овие птици. Апликацијата „PelicanWatch” исто така овозможува лесно евидентирање набљудувања на пеликани кои се веќе означени од научниците, информираа од македонското друштво МЕД.

Пеликаните се едни од најрепрезентативните птици на нашите езера и симболи на нашето природно наследство – особено во регонот на Преспанското Езеро и за нивно следење непречено може да се презема и користи апликацијата „PelicanWatch” за како што соопштуваат од МЕД, уште веднаш да се помогне во заштитата на пеликаните. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп го одбележува 8 април: „Гласот на успехот“ ќе ја слави ромската заедница преку култура и уметност

Следно

Иравани: САД го користат воздушниот простор на соседите за напади врз Иран

Latest from Blog

Проданоски: Празникот Благоец носи надеж и светлина за сите граѓани на Прилеп

По повод големиот христијански празник Свето Благовештение – Благоец, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Светата архиерејска литургија во храмот „Свето Благовештение“. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Петар, кој

Иравани: САД го користат воздушниот простор на соседите за напади врз Иран

Иран ги советуваше Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да не им дозволуваат на Соединетите Американски Држави користење на нивната територија и воздушен простор за воени напади против Исламската Република, потсетувајќи ги
Go toTop