Собранието на ОН гласаше за итно повлекување на руските трупи од Украина

February 23, 2023
1 min read

За резолуцијата која повикува на сеопфатен, праведен и траен мир, гласаа 141 земја, 32 беа воздржани, а шест ѝ се придружија на Русија во гласањето против

ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Генералното собрание на ОН денеска со гласовите на 141 земја изгласа резолуција со која се бара итно повлекување на руските војници од Украина и прекин на воените дејствија, а со тоа испрати силна порака за изолација на Русија на меѓународната сцена, ден пред првата годишнина од агресијата.

За резолуцијата која повикува на сеопфатен, праведен и траен мир, гласаа 141 земја, 32 беа воздржани, а шест ѝ се придружија на Русија во гласањето против.

Притоа, Генералното собрание на ОН денеска со огромно мнозинство ја изолираше Русија, донесувајќи ја резолуцијата еден ден пред првата годишнина од инвазијата што Русија ја започна на 24 февруари 2022 година.

Текстот беше изгласан само еден ден по посетата на кинескиот министер за надворешни работи на Москва, каде што тој вети подлабоко партнерство со Русија. Кина се воздржа од гласањето, четврти пат тоа го прави откако Русија ја започна својата агресија против Украина.

Белорусија, Северна Кореја, Сирија, Мали, Еритреја и Никарагва гласаа против резолуцијата. Покрај Кина, воздржани беа Индија, Алжир, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Казахстан, Узбекистан, Виетнам и Пакистан, како и 22 други земји.

Резолуцијата беше изгласана на првиот ден од дводневната сесија, откако претходно на Генералното собрание се обратија десетици високи функционери, меѓу кои американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Резултатот од гласањето е важен бидејќи ги побива сомнежите дека има замор од војна и дека поддршката за Киев слабее во некои делови од светот, особено оние кои зависат од руските енергетски извори.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера ја обвини Москва дека извршила „геноцид“ со насилно депортирање на украински деца во Русија.

Рускиот амбасадор во ОН ги обвини Германија и Западот дека имаат мотиви слични на оние во Втората светска војна во конфликтот во Украина.

„Германските тенкови повторно ќе ги убијат Русите“,

рече тој, мислејќи на главните борбени тенкови „Леопард“ од германско производство што неколку европски земји ветија дека ќе ги испратат во Киев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој во сабота патува во Индија со цел да ја добие поддршката од земјата за Украина, во интервјуто рече дека воопшто не е обесхрабрен од знаците дека големите економии во развој се двоумат да ја осудат руската агресија и заклучи дека „ само неколку земји се на страната на Русија“.

Последниве месеци многу се разговараше за тоа до каде треба да оди резолуцијата на ОН на годишнината од војната. Киев работеше на резолуции во кои се споменува судот за воени злосторства, како и текст што ќе го претвори мировниот план од 10 чекори на украинскиот претседател Володимир Зеленски во документ на ОН, според извори од ОН. И двете идеи беа напуштени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Христова: Македонија е заглавена и заробена во деструктивизмот на Ковачевски, неговите сопартијци и коалициони партнери

Следно

Македонци кои живеат во Виена ја донесоа надгробната плоча на гробот на Тодор Паница во Музејот на Македонија

Latest from Blog

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу. Службеното

Силен филмски бран во македонската кинематографија: Се снимаат три долгометражни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно.
Go toTop