Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година

December 10, 2024
1 min read

Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП….

– Целта на предложената одлука е намалување на обврските на буџетските корисници и подобро управување со јавните финансии, рече Јанкулоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

23 лица проневериле 6,5 мил. eвра од РЕК Битола – ОЈО: Меѓусебно се договарале да го изиграат тендерот за јаглен

Следно

Гвардиола: Манчестер сити е мојот последен клуб во кариерата

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата
Go toTop